ТЕ ПОЗНАВАМ ЛИ

Ме знаеш ти.. ме познаваш..  
Кога прв пат ни се сретнаа погледите,
го виде одразот на твоето лице во моите очи.
Лице уморно, во истовреме и храбро и тажно. 
Лице на човек џин, но со душа од кашмир. 
Ме знаеш ти.. ме познаваш..
Го знаеш моето тело.. секој сантиметар 
од меката недопрена кожа.
Ти го дадов за да ја распостелеш душата врз него..
да ја измиеш од 'рѓата. 
Да ја постелеш секоја среќа 
и секоја болка.. секоја капка пот. 
Ме знаеш ти.. ме познаваш..  
Го знаеш моето насмеано лице, 
моите очи кои сјаат во ноќта.. моите гради.. 
таму често ја навалуваш главата 
криејќи го твоето загрижено лице.
Ме знаеш ти.. ме познаваш..  
Ги знаеш моите усни .. 
треперат кога ги бакнуваш.. 
со секоја нивна воздишка 
ја забораваш секоја несреќна минута. 
Ми ги знаеш рацете, ја прават најискрената
и најтопла прегратка на цел свет.. 
знаеш ти.. само таму си сигурен, само таму е чисто! 
Ме знаеш ти.. ми го знаеш телото, 
ама ми ја знаеш и душата! 
Го знаеш моето лице, но и неговата опачина. 
Ми ги знаеш очите , ама и нивните солзи.. 
градите.. но и срцето кое чука во нив. 
Ми ги знаеш усните ама и нивните зборови, 
рацете, но и нивните испотени дланки...  
Ме знаеш ти..  
Јас тебе те познавам ли?


Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ