НАЈГОЛЕМАТА ЛАГА


Неуморна болка не стивнува..
удира, удира каде најмногу боли..
во срцево.. не умее тоа да се бори, 
не научи како.
Научи да сака, но не и да се бори.
И боли ли боли...
Дојде како дожд среде лето, 
исчисти рани да не боли, 
освежи душа да не горчи, 
отвори срце да не молчи.
Зачука, и отворив.
Влезе седна, рече само да одмори.
Пресреќна веднаш ја помолив, 
се' што сака веднаш ја понудив.
Нежности цела ја опсипав, 
со тело, срце и стоплував. 
Принуди срце со дамари, 
да љуби без да заборави.
Таман лисја раззеленив, 
со спокој душа исполнив
и надеж нова осетив, 
замина без да се поздрави.
Остави ноќи и ладови, 
утра без сонце на прозори, 
денови полни јадови. 
Се пустев и штурев да верувам, 
да простам, да молчам, заборавам. 
Ја барав, ја молев, преколнував.
Застана, поглед наведна, 
постоја, помолче, се сврте и неповрат замина.
Кој ли кажа дека љубовта е вечна? 





Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ