ПОГРЕШНА ВРАТА

Не изневерувајте ги оние во кои верувате. Не кажувајте им лаги на оние кои ве гледаат со искреност. Животот некогаш може да ве однесе на погрешна врата, но пред да ја подадете раката да ја отворите, добро погледнете, вашата ли е? Ја чувствувате ли препознатливата топлина која доаѓа од внатре? Се наслушува ли од таму мир и спокој? Ви мириса ли на среќа? Дали ви се чини како да ве обзема љубов? Дали е тоа навистина вашата врата? Не пуштајте чекор, не влегувајте. Ќе се извалкате. А таа дамка нема никогаш да ја тргнете, нема ни да избледи. Ќе помине време, ќе се истрошите, ќе се излитите, веќе ништо нема да сјае на вас, ќе ви се познава само дамката. Ќе стои таму да сведочи, црна како онаа ноќ кога отворивте туѓа врата. И порано или подоцна вистината ќе се појави пред вас, па ќе ви тежи на плеќите и ќе ви ја гори душата. А каењето ќе стане вечен гостин во вашата постела, со кој ќе заспивате и ќе се будите, и секогаш ќе сака да е во средина! 

Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ