Posts

Showing posts from August, 2017

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Image
Уште во сонот кога те видов знаев дека те сакам повеќе од сé на светов. Кога првпат те запознав имав толку многу да ти кажам, но не успеав ништо да изустам. Само те гледав. Можев со часови и со денови така. Толку блиску, а толку далеку. Сакав да те допрам, да те помирисам, да те држам во прегратка. Да ти кажам колку те сакам. Како минуваа деновите повеќе те сакав, на секоја наша средба се радував како мало дете. И сакав да трае и да трае. Можеше светот да запре за миг, сите реки да пресушат, сите вулкани да се разбудат, сите птици да престанат да пеат, денот во ноќ да се претвори, јас тебе ќе те гледав. Тој поглед можеше да го поматат само солзите од очиве што ми те гледаат. Има ли љубов, љубов најголема? Има ли љубов друга? Љубов од оваа посилна? Што ми дава сила планини да поместам, од пепелта да се издигнам, со ноќи да не спијам, со сиот свет да се борам, за тебе да постојам. Има ли? И кога сé ме боли, и кога надеж немам, и кога душата ми гори, јас за тебе живеам. Да те сакам, малк