Posts

Showing posts from May, 2019

АКО ПОСТОИ ЗАБОРАВ

Image
Ако постои поубава средба од онаа со Бог, тогаш тоа е нашата прва средба. Ако постои нешто понежно од свила, тоа е твојот допир врз мојата дланка. Ако постои поубав свет од овој, тоа е оној во кој сум сакана. Ако постои нешто подолго од вечноста, тоа е мојата љубов за тебе. Ако постои поголема светлина од онаа на Месечината, таа е во моиве очи кога те гледаат. Ако постои поголема моќ од онаа на разумот, тогаш тоа е моќта на срцето. Ако постои нешто поцврсто од камен, тогаш тоа е твоето срце. Ако постои поубав сон од животот, тоа е оној во кој ништо не боли. Ако постои поужасна трагедија од онаа на Софокле, тогаш тоа е мојата. Ако постои поголем гнев од оној на боговите, тогаш тоа е овој што управува со мене. Ако постојат поголеми црнила од оние на Чашуле, тогаш тие се во мојава душа. Ако постои поголем виновник од тебе, тогаш тоа сум јас. Ако постои надеж, ќе се покаеш. Ако постои прошка, ти ја давам. Ако постоеше заборавот, не ќе постоеше ти.

СОН

Image
Знае таа, не е така лесно.  Патот до него долг и тесен ѝ е.  Мачно ѝ е, во гради ја стега, гори.  Но не се предава, пусто кога сакаш,  сакаш иако боли!   Знае таа, не попушта стега заби,  ама не и да моли.  Знае таа, за љубов не се моли.  Сака таа, ама ајде сакај сам.  Не ја бива ни срце едно, ни еден ум,  ни тело едно.  Знае таа, нема друго чаре.  Ќе пушти чекор, ама назад.  Знае таа, тешко му е нему многу,  па и не е лесно да разбереш срце женско.  Знае таа, ова не е тоа што ѝ треба.  Не е толку силно, ни толку сјајно.  Знае таа, а го сака силно како дете мало.  Го сака дење, а го љуби само ноќе, на сон!