ЗА ЉУБОВ НЕ СЕ МОЛИ
Кога ќе засака срце едно
ем мало, ем бедно
се надева пусто, се бори вредно.
Чекорот му е тежок и бавен,
знае тоа, долг и трнлив,
патот не ќе да е рамен.
Но не попушта, држи тегне
и дење и ноќе,
ни око да склопи да легне.
Се чува, се штити да не пушти
солзи нови, се стега пусто да не го боли.
Нема ништо, а за љубов сѐ ќе даде!
Ќе чека долго, долго.
И вера и име и живот ќе даде.
Ќе љуби силно и дење и ноќе,
и делник и празник.
Ќе направи сѐ, и можно и не!
Ќе сака како лудо,
од три на триста, ќе направи
да трае секое чудо!
Ќе се бори, ќе се надева ќе чека,
ќе простува и кога боли.
Само едно никогаш,
никогаш нема да моли!
Оти знае тоа, за љубов не се моли.
ем мало, ем бедно
се надева пусто, се бори вредно.
Чекорот му е тежок и бавен,
знае тоа, долг и трнлив,
патот не ќе да е рамен.
Но не попушта, држи тегне
и дење и ноќе,
ни око да склопи да легне.
Се чува, се штити да не пушти
солзи нови, се стега пусто да не го боли.
Нема ништо, а за љубов сѐ ќе даде!
Ќе чека долго, долго.
И вера и име и живот ќе даде.
Ќе љуби силно и дење и ноќе,
и делник и празник.
Ќе направи сѐ, и можно и не!
Ќе сака како лудо,
од три на триста, ќе направи
да трае секое чудо!
Ќе се бори, ќе се надева ќе чека,
ќе простува и кога боли.
Само едно никогаш,
никогаш нема да моли!
Оти знае тоа, за љубов не се моли.
Comments
Post a Comment