РАНА

Ранава што Ти ми ја отвори,
не се лечи така лесно, саде убави зборови.
Ранава што Ти ми ја отвори,
бездна.. ладна и темна.
Ранава што Ти ми ја отвори, пуста да е..
боли ли боли, не мине, ден за ден..
парче по парче од душава ми кине.
Ранава што Ти ми ја отвори.. дупка црна
удолу длабоко, угоре високо, та чмае везден.
Ранава што Ти ми ја отвори,
како 100 камшици по кревко тело..
гледаш само темно и црно, 
а никаде светло.. бело.
Ранава што Ти ми ја отвори,
душава ми ја разболи..
со ладни раце валкани ја стегна.. ја удави!
Ранава што Ти ми ја отвори,
поле пиреј и трње ми посади..
везден корни го, со нокти греби..
копај го, нејќе пусто корења пуштило!
Ранава што Ти ми ја отвори,
и умот и телово ми го зароби.
И дење и ноќе, ни вода ни леб,
како патник сам, ем глув ем слеп.
Ранава што Ти ми ја отвори, се породи!
И вчера и денес.. и утре нов род ја чека.
Оти место лек, сол ја храниш.
Ранава што Ти ми ја отвори,
никогаш, никој и ништо нема да ја излечи.
Дури ни Ти.
Оти Ти и не знаеш што стори.




Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ