Posts

Showing posts from February, 2021

ПОНЕДЕЛНИКУ, ОДИ ПО ЃАВОЛИТЕ

Image
Понеделниците знаат да бидат многу тешки. Знаете, понеделник прв ден на работа после викенд. Барем за повеќето. За некои не се знае ни празник ни делник. Овој понеделник за мене не беше работен. Ни претходниот. Ниту деновите измеѓу. Имав "слободни" денови. А денови ли се денови кога од утро до вечер со едно легнуваш со истото стануваш. Како да ја победиш оваа злобна болест која ти го онеспособува телото, ти го напаѓа организмот и ти го заробува умот. Но тоа е друга приказна која ќе ви ја раскажам некој друг ден. Кога ќе бидам подготвена. Можеби некој друг понеделник. Или среда, за да биде среќна. Не знам кога ама не денеска. Денеска ќе ви раскажам за понеделников. Понеделников кој ми беше претежок. Ме уништи, како да дотраев веќе. Како да ми ја исцица целата енергија која и онака малку ја имав. Како да сакаше да ми каже дека ништо не е готово и дека допрва почнува мојата борба Борбата која како што можам да видам ќе ја водам сама. Борбата да успеам да ги соберам илјадниците п

НЕКАНЕТ ГОСТИН

Image
Црна врана на прозор бел ми застана.  На вратата колве клука,  да ја пуштам внатре чука.  Ми застана среде соба,  со очишта црни,  пушти глас во глуво доба.  Ах што несреќа се стори,  и умот и телото ми го гори. Мене ме фати, кон либето крилја пушта,  најмилото ми го гушка. Оди врано, црна врано.  Зар не знаеш пуста ти,  неканет гостин си.  Саатот до разделба ита брои, неканет гостин зад врата стои. Мојата куќа од љубов свети ко алтан,  не ни личиш ти црна катран. Бегај, бегај собери крилја, не пуштај глас,  тргни клунчиште од нас. Знам несудена ти,  дури песнава патува,  времето ти се скратува.  Штом абер ми пристигне,  тебе студот ќе те стигне.  Тогаш во пазуви ќе си плукнам,  и во дрво три пати ќе чукнам.