Posts

Showing posts from March, 2015

ЦВЕЌЕ И ТРЊЕ

Image
Секогаш кога ќе побарав нешто, Ти имаше што да ми понудиш. "Ладно ми е".  Не оти ми беше, туку го сакав твоето палто врз моите рамена. Или прегратка. Сакав да ме гушнеш и да се стоплам.   "Дојди љубена".  Или само да ми кажеш некој убав збор што ќе ми ја стопли душата па нема да ми студи повеќе. Ти рече дека веднаш ќе вклучиш греење.. Јас не го сакам сонцето, сакам само еден зрак. Јас не сакам градина , сакам само еден цвет. Обичен цвет скинат попатно, на кој сеуште му останале трњето, па кога ќе го земам од возбуда да ги боцнам прстите и да потече крв. Да знам дека сум жива. Јас не сакам бисери бели, сакам школка празна тукушто извадена од песок, мокра и валкана. Па да ја чистам во плиткото море додека оној зрак од сонцето ми го гали лицето и ти се смешкам заводливо, иако солта од водата ми ги пече раните на рацете, оние од трњето на розата. Јас не сакам скапи изненадувања. Сакам само изненадувања. Јас не сакам многу, сакам доволно. Незнам дали добивав ама секогаш

ИМА НЕШТО ПОВАЖНО ОД ЉУБОВТА

Image
Ме сакаш ли?  Цел живот најважна од сѐ ми беше љубовта. Секоја љубов.  Откако паметам за себе, тежнеам да живеам со љубов.  Онаа детската кон своите играчки, љубовта кон  мама, кон своето маченце, подоцна кон татковината преку преубавите состави во трето одделение, љубовта кон пишаниот збор, преку првата симпатија и таа платонска љубов, па се до потрагата на љубовта на мојот живот. И цело ова време мислев дека љубовта е најважното нешто. Важно ми беше да знам дека сум сакана. Се додека не почувствував дека има нешто друго што е поважно од љубовта. Се додека не почувствував колку боли да не те почитуваат. Грозно. Чувството е толку лошо што посакуваш да излезеш од сопствената кожа, да те снема, да се отвори земјата и да те голтне. Посакуваш да добиеш амнезија која никогаш нема да исчезне како не би ја почувствувал уште еднаш таа болка. Тежнеејќи да бидам сакана, дозволив да бидам непочитувана. Заборавив дека пред да бидам жена јас сум човек. Посветувајќи го целото свое време, ене

МИРИС

Image
Посакувам да можев добра ноќ да ти кажам на десетина сантиметри од моите до твоите очи. Посакував да може ова место што секогаш го чувам до мене, наутро да е топло, постелата изгужвана. Посакувам да ми кажеш, "кошмар е ќе помине" додека ми ја држиш испотената дланка и ме бакнуваш на лицето. Посакувам да си тука вечерва. Не си. Претурам по алиштата, барам некоја маица што мириса на тебе. Ја земам, ја ставам на перницата до мене. Ммм.. мирисам. Тука е. Мирис на љубов, мирис на страст, топлина и острина. Нежен мирис на парфем измешан со мажественост и сила. Ммм... се нурнувам и го дишам твојот мирис.  И не е толку присутен тука, колку што ми е врежан во мислите.