Posts

Showing posts with the label ТЕКСТОВИ

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ

Image
Потоната во сопствените мисли заборавив дека ставив вода за чај. Водата веќе вриеше, чајникот свиреше, а моите мисли се средуваа полека. Ја тргнав водата од оган и за миг подзастанав. Каков чај да ставам? Вчера ги ставив последните цветови липов чај. Чај од лушпи од орев и лушпи од кромид ми е повеќе како лек за грло, сега ми треба чај да си ја стоплам душата. Планинскиот одамна заврши, ванила и јагода ми звучеше премногу оптимистички. Го отворив делот во кујната каде вообичаено чувам различен чај во кесички. Чај за мирен сон, чај за добра ноќ, црн чај.. па добро има ли нешто за во попладневни часови кога си сам со своите мисли и сакаш да уживаш во тишина? Еве го! Уште една кесичка остана. Чај од мајчина душица. Ја земав кесичката и ја ставив во жешката вода. Си реков додека чајот "се направи" ќе одам да ги извадам алиштата од пералната, да ги ставам во сушарата и да наредам нова облека за перење. Кога се вратив како чекорев кон трпезаријата чувствував опоен мирис. Мирис на м

ПОРАКА ДО СИТЕ СЕГАШНИ И ИДНИ МАЈКИ

Image
Денеска е среда. Среда вообичаено е среќен ден. Во среда се започнуваат нови работи. Се започнуваат бизниси, се отвораат фирми, продавници, во среда се дава збор, се прават веридби, се замесуваат свадбарски погачи. Среда е едноставно среќен ден. Но не и денешната среда. Денеска замре сѐ. Денеска ништо не се отвори. Напротив сѐ се затвори. Сѐ што преостана. Бизнисите одамна закочија, продавниците и фирмите затворија, зборовите ветени не се кажаа, веридбите и свадбите се откажаа. Има ли смисла животот? Многумина се прашуваат. А живот ко живот пуст да е, каков таков го живееш. Дур го имаш, твој е. Еден млад живот згасна денеска. Една мајка не бидна. Една среда стана несреќна. Се затвори една мајчинска приказна уште незапочната. Се отвори само рана голема. Жал за неа. Тага по неа. Чедо без неа. Зар има смисла животот? Има. Има драги мои. Сѐ додека дишете, се додека легнувате навечер и се будите наутро со милион прашања, стравови, грижи, желби и копнежи. Сѐ додека сте тука и сега има н

НАДЕЖТА Е НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ

Image
К олку сме ние себични. Колку сме само слепи и глуви. Живееме со минатото во нас, мислиме на иднината , а со тоа ја пропуштаме сегашноста. Го пропуштаме тоа што е тука присутно, го ч увствуваме, го г л едаме, го сфаќаме, го слушаме и го сакаме , но не го признаваме. Подаваме раце на бездушници, г и слушаме работите извитоперено и лажно и веруваме само во она во што мислиме дека треба и се помируваме со тоа. А остануваме неми пред надежта. Пред надежта за нов ден, за нова пролет, нова мисла, нов почеток, нова сре ќ а, нов живот. К аква иронија е животот. Не ги сфаќаме навреме работите и подоцна се каеме. Г ледаме и целиме многу далеку, а само да ја кренеме главата и погледот нема да не излаже, надежта е тука. Т ежок или лесен, краток или долг, вистински или лаж ен , животот е еден. Важно е само која улога ќе ја имаш во таа претстава и на крајот да те запомнат како личност , а не како бројка. Толку прашалници без точки. Како да се наоѓаш на врвот од дното. Стоиш потиштен, зло

ТАМУ БЕВ ЕДНАШ

Image
Таму.. Таму кај што ноќите се студени и среде лето. Таму каде тишината е најубава, небото црно, а месечината црвена, црвена жари. Чиниш и таа гори од љубомора. Таму ѕвездите се толку близу, па само да ја кренеш раката и скоро си ги допрел со врвот на прстите. Таму бев еднаш. Но никој не знае. Таму зборовите се излишни, дланките испотени, а очите затворени. Таму воздишките пишуваат историја, секој здив засебна приказна. Таму.. Таму кај што ноќите стануваа се постудени и постудени. Таму кај што дрвјата се највисоки, а лисјата беа најжолти. Таму бев пак. И никој не знае. Таму чекориш со чекори на крадец. Времето брзо минува, а среќата се брои во мигови. Таму, на место на злосторот кога минував маска симнував. Само таму дланките се споени, како калап една со друга. Таму љубовта е насекаде. Ја вдишуваш од воздухот, ја гледаш на прозорите, ја наоѓаш помеѓу чаршавите. Таму.. Таму слушнав водата друга приказна раскажува. Жубори нова песна, поинаква, туѓа. Таму ветрот ми ги избришал чекорите. Т

Се викам Симона

Image
Сакам да заборавам некои работи. Или кога подобро ќе размислам сакам да заборавам многу работи. Едно чудо. Како еден куп од стар мебел што стои во дворот и чека да биде фрлен на некој отпад засекогаш. Сакам сé да заборавам. Да добијам амнезија, да гледам, а да не видам. Да слушам, а да не чујам. Да сум тука, а да ме нема. Да бидам, а да не сум. Сакам да заборавам како се викам, па кога ќе ме прашаат да кажам Петра. Или Катја. Не, можеби Симона. Кое и да е, само не моето. Здраво, јас сум Симона! Да, сакам да  заборавам сé што било, и што требало да биде, а не е. За да не жалам оти не биднало. Да не ми е тешко на душава оти така било пишано. Сакам да заборавам сé. Да ме застанеш да ми се насмевнеш, да можам да те одминам. Оти нели не те познавам. Сум те заборавила. Да ме прашаат те боли ли уште? Да не знам што, та да ги гледам чудно, луѓево што зборат. Да ми речеш, се сеќавам ли. Та како да се сеќавам кога не знам што збориш човек. Сакам да заборавам, дека си беше еднаш, сакам да мислам

ЖИВОТОТ Е ТОА

Image
Животот е помалку горчлив, ретко благ. Еден ден сонце, друг ден мраз. Понекогаш, ти се чини сите бродови потонале,  сите возови поминале, улиците тесни ќорсокак. Тогаш погледни покрај себе. Ако имаш некој до тебе, насмевни се, пружи ја раката и стегни цврсто. Замижи, вдиши длабоко и отвори ги очите. Тие очи пред тебе, се сé што ти треба. Ја слушаш сирената, тоа е нов брод што се закотвува. Тропкаат шините во далечината. Продолжи по истата улица. И стегни уште повеќе. Со секој чекор се топи мразот под тебе. Сонцето свети на хоризонтот. Подели ја последната коцка чоколадо. Загризи и не се врти назад. Животот е тоа.

РУМ СО ПОРТОКАЛ

Image
Понекогаш посакувам да те запознаев сега. Сега, откако сум потешка за стотици ситни грешки кои ги префрлам од едното рамо на другото. Сега, кога созреав доволно за да не се сопнувам на секоја пречка на патот по кој одам. Да те запознаев сега, ќе ти кажев нешто друго за себе. Немаше да ти кажам дека сум плачка. Немаше ни да ти кажам дека сум романтична. Немаше ни да бидам. Ќе ти кажев нешто друго, што и да е, само сигурно не она што ти го кажав првиот пат. И немаше да пијам рум со портокал. Да те запознаев сега, немаше да ти кажам дека јас не знам да лажам. Да те запознаев сега, ќе те излажев дека не знам да лажам.  А понекогаш посакувам да те запознаев многу порано, таму далеку.. многу одамна. Кога не бев ни доволно паметна ни доволно возрасна, за да знам што е правилно, а што погрешно. Што е лошо, а што добро. Тогаш кога се' уште плачев за оценка во училиште, за лошо сошиениот матурски фустан, или за првиот паднат испит на факултет. Кога се' уште плачев за неважни работи. Т

МОЈОТ ФУСТАН СО БОЈА НА БИСЕР

Image
Погледна низ прозорецот, ноќ. Погледна на часовникот, два часот по полноќ. Око не можеше да склопи. Прозорците беа оставени без завеси, од вчерашното чистење, па можеше да го види небото убаво. Ведро, но ѕвезди онде овде. Само  Месечината светеше, и неа како да не ја фаќаше сон. Хах- се насмевна, та не ќе се мажи таа, јас ќе се мажам- си помисли. Во собата тивко, во срцето громови. Се обидуваше да го смири дишењето, но попусто. Градите водеа танец, горе-долу, горе-долу.. Погледна низ прозорецот, ноќ. Погледна на часовникот, речиси 4 часот наутро. Ни овци не помагаа, ни од 100 наназад, ни трепкање со немирните очи, никакви животни, инсекти, техники, ништо. Попусто беше, секој труд беше залуден. Очите ѝ беа  ширум отворени.  Мрак во собата, а неа ѝ се  гледаше кристално јасно. Убавите смарагдни очи ѝ се  наполнија солзи кога го виде фустанот закачен на орманот. Трепна брзо и воздивна. Од горе до долу на орманот висеше преубава венчаница со боја на бисер. Мека и свиленкаста, с

Едно дождливо лето

Image
Погледнувам на календарот, јуни, прва половина. Погледнувам низ прозорецот, ноември, есен.  Времево побудалело. Не знам кој е по луд, времето или луѓето. Тоа од нас, или ние од него. Дефинитивно нешто не е како што треба. И станува главна тема на муабет. Во автобус две женички, ја составуваат прогнозата за денот. Дома, на работа, дури и во такси стана приоритетна тема. Со колешката на работа читаме временска прогноза и меѓу себе коментираме. Наидовме на информација дека демек цело лето ќе е вакво, врнежливо, облачно, ќе нема лето де. И во последниве неколку дена од неколкумина ја слушнав истата информација. "-Еј слушна цело лето ќе е вакво, се испорасипа времево бре! -Ќе врне и цел јуни и јули, така кажаа. " И се сетив на нешто. Нешто што ме тера да ги затворам очите, да си речам-која идиотка сум јас. Ах, колку будалесто од моја страна, кога само ќе се сетам, ми доаѓа да се отвори земјата и да ме голтне.  Не знам дали се сеќавате, пред околу 10 а можеби и повеќе години, ис

МАМО, ШТО Е ТОА ВОЈНА?

Image
Додека утрово пиејќи го чајот седев и размислував за она што ми се случува и се обидував да најдам одговор на многу прашања, се сетив дека мајка ми, ми ги има кажано најголемите лаги во животот. Честопати по некоја ситна добронамерна лага, поретко по некоја заштитничка, но неколку пати во животот ми кажала лаги кои тешко ги поднесов откако ја дознав нивната вистина.   “ Мамо, што е тоа војна? Ништо сине, далеку е тоа од нас. ” Можеби ова беше најболната лага која некогаш ми ја кажала. Колку и да била добронамерна и заштитничка според неа, мене ми го скрши срцето. Бев многу малечка кога прв пат го слушнав зборот војна .  Не знаев што точно значи, ама бев сигурна дека е нешто многу лошо. Татко ми го попушташе тонот на телевизорот секогаш кога на вестите зборуваа за некоја војна и ни велеше да бидеме тивки, а мајка ни не испраќаше да си играме. Баба ми често знаеше да си зборува сама на себе  “ ах таа пуста војна ќе ја снема ли некогаш. ”  Имав слушнато дека роднини и загинале во во

Јас сум најсебичната личност што ја познавам

Image
Те сакам, е најубавиот збор. Најхуманиот, најдобриот, најпосакуваниот. Најдраг збор за изговарање и за слушање. Ама затоа пак “ сакам ” е себичен збор. Многу себичен. Барем така велат многумина.  Ако е така, тогаш јас сум најсебичната личност што ја познавам. Сакам подобар свет. Сакам подобра јас. Сакам подобра верзија од тебе. Сакам подобро време утре кога ќе станам од спиење. Сакам “ добро утро ” со фина интонација и бакнеж. Сакам појадок во кревет и млеко во кафето. Сакам и да не е превриено. Сакам варени јајца за појадок. И цеден сок од портокал. Сакам подобра работа. Или нова работа. Сакам сите семафори да светат зелено. Сакам клучеви што брзо се наоѓаат. Сакам компјутерот на работа да не се рестартира секој ден на прво уклучување. Сакам тишина. Сакам сонце на мојот прозорец. Сакам торба за јакната, за да не ја носам во раце. И ниски чизми ако одам пешки. Сакам продавници. И сакам да пазарам во нив. Најмногу храна. И “ парталчиња ”. Сакам еднаш кога ќе дојдам о

Дете мое, не е тоа таков рак, ќе пораснеш еден ден, ќе разбереш

Image
Ми се смачи веќе од тебе, не сакам да слушам веќе за тебе, не сакам да те гледам. Не сакам да знам за тебе! Доста ми е од тебе! Разбираш ли? Сотри се, нека те снема, земја нека те голтне, оди си од нас. Помоќна си признавам, поголема си, понапредна си од нас луѓето, признавам сè само оди си. Прв пат за тебе слушнав уште како малечка, имав само неколку години кога ми кажуваа колку била убава баба ми. Дека на неа личам, нејзините очи, нејзината коса, нејзиниот лик. И нејзиното име. Ама не дочекала да се родам. А за тоа, ти си виновна! Слушнав: Да, преубава жена, таму почина во таа соба, беше болна од РАК! Плачев и плачев, ги гледав фотографиите и ѝ велев на тетка ми: Зошто ти не ја чуваше баба, зошто ја остави сама ракот да ја касне?! -„Ах , дете мое, не е тоа таков рак, ќе пораснеш еден ден, ќе разбереш“. Ах, зошто пораснав, зошто разбрав? Ми си смачи веќе да слушам за тебе! Секој ден, секој божји ден ти победуваш некого во туркање со рака! Секој ден ти рушиш нечиј живот

Ова утро за прв пат не го бакнав пред да излезам од дома

Image
Ова утро за прв пат не го бакнав пред да излезам од дома. Секое утро станувам без аларм, затоа што секогаш се будев далеку пред тој да заѕвони. Се поткревам лесно, ја туркам топлата прекривка и полека, нечујно се извлекувам од топлата и мека постела. Се вртам да го погледнам, мирно спие. На прсти, тивко, полека лебдам до вратата. Ја отворам бавно, но брзо се провлекувам низ тесниот отвор и ја затворам за да не ја исполни собата светлина која ќе му го наруши сонот. Малку послободно, но сè уште тивко, одам до бањата. Влегувам и почнувам со утринските ритуали. Се туширам набрзина и притоа внимавам да не испуштам нешто, па да тресне долу и да ја наруши тишината. Безуспешно, ми паѓа капачето од гелот за туширање, се тркала, тропка се удира и одѕвонува. Ги затворам очите, ги стегам забите и наслушувам. Ништо. Тишина е. Не се разбудил. Излегувам, мијам заби и завршувам со тоалетот. Одам во кујна. Ставам вода за чај, го вадам млекото од фрижидер. На ред е облекувањето. Тука сум тивка, осве

КОШМАР ЗОЛ

Image
Една вечер κога ќе заспиеш ќе ти шепнам нешто. Една тивκа ноќ κога ќе потонеш во длабоκ сон, ќе се навалам до тебе, ќе ја префрлам раκата оκолу тебе и ќе се доближам до твоето раме. И ќе ти κажам. Сé што душава ми ја мачи, сеκоја болκа и тага. Сеκој немил збоρ, сеκоја рана. Ќе ти κажам сé. Што не знаеш, што не гледаш, што не разбираш. Сé што пропушташ. И ќе ти κажам деκа тоа е последно нешто што слушаш од моите усни. Κои патем ќе те баκнат на κрај. Знам. Ќе мислиш деκа повторно сонуваш. Деκа паκ е κошмар зол. Ќе мислиш наутро ќе те баκнат паκ овие усни што сега зборуваат сешто. Знам. Ама κога ќе почувствуваш топол здив на твојот врат ќе знаеш деκа не сонуваш. Тогаш ќе те прашам. Ќе заκлучиш ти или да затворам врата јас?

ДЕНОВИ

Image
Еден ден те сρетнав. Па може да се κаже тоа беше сρеќен ден. Еден ден набρзо ми κажа "те саκам". Е тоа беше навистина сρеќен ден. Еден ден подоцна, ме повρеди, па може да се κаже деκа тоа беше тажен ден. А еден дρуг ден набρзо јас ќе ти пρостам. Ќе биде тоа може да се κаже, сρеќен ден. Но еден далечен ден ти нема да успееш да си пρостиш себеси. Е тоа ќе биде навистина тажен ден.

ПУКНАТИНИ НА ДУШАТА

Image
Имав една вазна. Омилена ми беше. Всушност единствена ми беше, немав друга освен неа. Беше преубава. Ја обожував.  Кога во една непланирана прошетка сосем случајно ја видов си реков мора да биде моја и ја зедов за себе. А и за ваков цвет како мене си помислив совршено ќе одговара да имам една таква.  Кога ја погледнав одблиску видов и дека не е толку нова ни чиста. Како користена ми изгледаше, како веќе да стоеле цвеќиња во неа, како отстоена вода долго време да чмаела внатре. Барем одвнатре се гледаше дека не е негибната. Напротив, најразлични цветови во неа си ја покажувале својата убавина или позади нејзината ја криеле својата неупадливост и безличност. Многу цвеќиња во истата таа вазна умреле. Лист по лист се распаѓале се додека не се исушиле без својата вода.  Ама однадвор изгледаше нова. Сјаеше просто со својата грациозност. Испрчена изгледаше како самоуверен млад петел кој за прв пат треба да пее пред ново јато кокошки. Ама само што ја видов се заљубив. Си реков јас кога