Posts

Showing posts from January, 2017

ТАМУ БЕВ ЕДНАШ

Image
Таму.. Таму кај што ноќите се студени и среде лето. Таму каде тишината е најубава, небото црно, а месечината црвена, црвена жари. Чиниш и таа гори од љубомора. Таму ѕвездите се толку близу, па само да ја кренеш раката и скоро си ги допрел со врвот на прстите. Таму бев еднаш. Но никој не знае. Таму зборовите се излишни, дланките испотени, а очите затворени. Таму воздишките пишуваат историја, секој здив засебна приказна. Таму.. Таму кај што ноќите стануваа се постудени и постудени. Таму кај што дрвјата се највисоки, а лисјата беа најжолти. Таму бев пак. И никој не знае. Таму чекориш со чекори на крадец. Времето брзо минува, а среќата се брои во мигови. Таму, на место на злосторот кога минував маска симнував. Само таму дланките се споени, како калап една со друга. Таму љубовта е насекаде. Ја вдишуваш од воздухот, ја гледаш на прозорите, ја наоѓаш помеѓу чаршавите. Таму.. Таму слушнав водата друга приказна раскажува. Жубори нова песна, поинаква, туѓа. Таму ветрот ми ги избришал чекорите. Т

За Нова година сакам повеќе луѓе како личноста што го најде мојот паричник

3 1 - ви декември, сабота.  Погледнувам на  часовникот , нешто помалку од 11 часот. Во 11:30 имам закажано фризер и козметичар. Станувам набрзина, сецкам јаболко, банана, две парчиња мандарина, една лажица семки, некое индиско оревче, бадеми, малку јогурт и во блендер. Додека врти блендерот, ми се вртат мисли во главата. Дали ќе стасам да завршам денес сé? Ќе имам ли време за сите обврски? Фризер и козметичар, печено месо, елка од тесто и салата за вечер, пакување торби за утре..? УФ, никогаш немам време, постојано брзам некаде                                                                                               - Нели му е доста? - Аха да ,  - се сепнав. Го исклучив блендерот. Наполнив две чаши. -Повели душо. -Благодарам. Се вртам наоколу, што прво. Се истуширав со брзина на светлина та.  Се облеков, косата ја собрав лошо, и онака ќе одам на фризер. Се сетив на алиштата од машината. Ги редам алиштата на сушара. Едно парче облека, една голтка смуди. Правам тостови. Време е да и