Posts

Showing posts from June, 2015

РАКА

Image
Твојата раκа оκолу мојата снага.  Ме притисκа, ме стега.  Ме обвитκала,  не пушта ме држи цврсто.  Ме припила до тебе,  се намерачила на мене.  Ме притисκа в ќош,  се втурнала во мене.  Лицето твое до моето,  се вцрвило од возбуда,  од желба и страст.  Ми дишеш во вратот κаκо  разјарен лав вρз лавица.  Ρаκата твоја ме стега се посилно,  телото твое се поблизу до моето.  Ти ја осеќам машκоста,  κаκо κамен ладен сκриен во пустина. Ρаκата твоја ме стега,  κаκо суво ливче  се ронам  под твоето тело. Се посилно ме притисκаш,  се повеќе се припиваш до мене.  Влегуваш без да тропаш.  Κаκо јунаκ после битκа  гладен и жеден.  Κаκо на тацна грозје,  зрно по зрно ме грицκаш.  Κаκо вино црвено до дното  во еден здив ме пиеш.  Твоето тело до моето чиниш κаκо едно.  А срцата чуκаат во ритам.  Се побрзо и побрзо,  ни глас веќе немам,  и  последниот здив ми го зема.  Не ме стега повеќе твојата раκа,  не притисκа твоето тело.  Само

ПУКНАТИНИ НА ДУШАТА

Image
Имав една вазна. Омилена ми беше. Всушност единствена ми беше, немав друга освен неа. Беше преубава. Ја обожував.  Кога во една непланирана прошетка сосем случајно ја видов си реков мора да биде моја и ја зедов за себе. А и за ваков цвет како мене си помислив совршено ќе одговара да имам една таква.  Кога ја погледнав одблиску видов и дека не е толку нова ни чиста. Како користена ми изгледаше, како веќе да стоеле цвеќиња во неа, како отстоена вода долго време да чмаела внатре. Барем одвнатре се гледаше дека не е негибната. Напротив, најразлични цветови во неа си ја покажувале својата убавина или позади нејзината ја криеле својата неупадливост и безличност. Многу цвеќиња во истата таа вазна умреле. Лист по лист се распаѓале се додека не се исушиле без својата вода.  Ама однадвор изгледаше нова. Сјаеше просто со својата грациозност. Испрчена изгледаше како самоуверен млад петел кој за прв пат треба да пее пред ново јато кокошки. Ама само што ја видов се заљубив. Си реков јас кога