Posts

Showing posts from January, 2016

Ова утро за прв пат не го бакнав пред да излезам од дома

Image
Ова утро за прв пат не го бакнав пред да излезам од дома. Секое утро станувам без аларм, затоа што секогаш се будев далеку пред тој да заѕвони. Се поткревам лесно, ја туркам топлата прекривка и полека, нечујно се извлекувам од топлата и мека постела. Се вртам да го погледнам, мирно спие. На прсти, тивко, полека лебдам до вратата. Ја отворам бавно, но брзо се провлекувам низ тесниот отвор и ја затворам за да не ја исполни собата светлина која ќе му го наруши сонот. Малку послободно, но сè уште тивко, одам до бањата. Влегувам и почнувам со утринските ритуали. Се туширам набрзина и притоа внимавам да не испуштам нешто, па да тресне долу и да ја наруши тишината. Безуспешно, ми паѓа капачето од гелот за туширање, се тркала, тропка се удира и одѕвонува. Ги затворам очите, ги стегам забите и наслушувам. Ништо. Тишина е. Не се разбудил. Излегувам, мијам заби и завршувам со тоалетот. Одам во кујна. Ставам вода за чај, го вадам млекото од фрижидер. На ред е облекувањето. Тука сум тивка, осве