Posts

Showing posts from March, 2019

ЗА ДЕДО МИ

Image
Колку силно може една внука да го сака својот дедо? Бескрајно многу, ќе ви кажам јас. Единствено за што жалам е што мислам дека тој никогаш не дозна за тоа. Дедо ми. Колку љубов тој ми даваше. Му кипеше од очите кога со солзи ќе ме здогледаше како ја отворам влезната порта. Му ѕвонеше од грлото кога ќе ми речеше “ Кај си злато мое ” . Му црвенееше љубовта на образот кој му го бакнував, а за кој тој мислеше дека е стар, иако свежо избричен знаејќи дека ќе им појдам на гости. Тој ист топол образ кој не знаев дека претпоследно ќе го бакнам за Божиќ и десетина дена подоцна за последен пат. Скаменет, како и моето срце. Дедо ми. Се присетив на него вечерва кога погледнав стари фотографии и видео. Сестра ми ми испраќа нешто и вели : “ Да видиш нешто сама, за да не гледаме заедно повеќе ќе плачеме. ” “ Ајде-  велам ”.  Пред повеќе од 25 години. Свадба на тетка ми. Прво танго, младоженците, секој со својот пар. Јас и дедо ми. Ние си бевме пар. Сите фатени на оро, јас и тој свое. Н

БЕШЕ ВТОРНИК

Image
Дојде и тој ден.  Минутите ѝ се чинеа денови .  Беше збунета и возбудена.  Гледаше надвор. Ги затвораше очите и пак погледнуваше.  Се плашеше да нѐ сонува.  Ги гризеше растреперените усни и не ни помислуваше дека скоро некој ќе ги бакнува.  Уште една станица и ќе ѝ се отвори вратата на среќата, нив ги одбра да затропа.  Го  здогледа од прозорецот на бавнио т автобус.  Така убав, мил, со неверојатна насмевка. Стоеше и ја чекаше.  Слезе, чекореше, но мислиш не ја допираше земјата.  Очите ѝ светеа како никогаш дотогаш.  Две души си доаѓаа во пресрет.  Таа му ја подаде раката, а тој... тој и го зема срцето.  Беше вторник.