Posts

Showing posts with the label ЕДНА МИСЛА
Image
Кога ќе ги слушнеш последните птици на прозорците, последните лисја под чекорите, надојдената вода на бреговите, последниот џагор по друмовите.. тогаш ќе ти кажам нешто.
Image
Таа во очите имаше сонце, слично на она од утрово.  И ги бакнуваше зениците, а и ја гризеше душата! 

За дождот

Image
Дождот може да биде вистинска симфонија за слушање. Важно е што правите, каде сте и најважно од сѐ, со кого. Сѐ додека во душата имате сонце, надвор не е важно колку ќе врне.
Image
Кога на дрвјата ќе раззеленат гранките. Кога на гранките ќе никнат пупките. Кога пупките ќе расцветаат. Кога птиците ќе слетаат. Слушни ја нивната песна. Ќе ти кажат нешто.
Image
Чашата не се прелева од водата што се насобрала во неа. Последната капка ја прелева чашата. Колку и да е мала и безначајна, доволна е. Премалку а премногу... 
Image
Таа беше сама, тивка и насмеана. Еден ден го запозна Него. И сега е сама, тивка но расплакана. 
Image
Те сакам врнежливо. Сабајлечки. Така од ќеиф те сакам, оти ми се може, а не од досада. И вечер ќе те сакам. Па и да не врне не ми смета..
Image
Среќа е испотени дланки кога допираш, затворени очи кога мирисаш! 
Image
Да издржиш повеќе од што можеш, да ја измориш душата од лошата среќа а да не ја наведнеш главата. Да ја зачуваш храброста и насмевката кога сите други се неправедни. Да не се плашиш пак да зачекориш- кој може да каже дека тоа не е величина? Во животот секогаш стои цврсто како карпа во морето без да те обеспокојат брановите кои се креваат, предизвикани од бродовите кои без срам пловат во забранети води! 
Image
На улица сретнав еден многу богат млад човек. Шапката му беше стара, панталоните куси, палтото износено.. Вода му влегуваше во чевлите, а ѕвезди му излегуваа од душата..  Беше вљубен!  
Image
На секој пилот му е потребен копилот. Добро е да знаеш дека имаш некој покрај себе, посебно ако времето е облачно..  
Image
Кога понекогаш молчиме, не значи дека немаме ништо да кажеме.. само сакаме да видиме до каде може да стаса дрскоста на другите, кои додека зборуваат гледаат преку нашето рамо а замижуваат пред нашите очи. Тие не знаат дека со секоја минута затворени очи губат по шеесет секунди од сјајот.