Posts

Showing posts from 2021

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

Image
  Тргнавме. И лани врнеше кога се враќавме од одмор, исто и сега. Крупен летен дожд, капки вода што паѓаат пребрзо за да ги изброиш. Си помислив, ништо страшно. Момчево мое секогаш вели дека тоа е бериќет. Го отворив прозорот и гледав надвор. Беше преубаво. Морето мирно, сино, се разлеало до недоглед, а во него капки како зрна грозје паѓаат.. Прекрасна глетка која мораше да се овековечи. Го земав телефонот и направив неколку добри фотографии. Гледајќи во нив си помислив колку е само убаво, дождот некаде е рај за очи и мир за душата. А не како кај нас! Мислев на синоќешното невреме во Скопје за кое прочитавме вечерта, ама само за дождот кој направил хаос низ улиците, и ништо повеќе. Само толку, дожд и сообраќаен метеж. (Вечерта легнавме рано, затоа што утредента нѐ чекаше пат, и не претпоставувавме што се случило) Еј супер, сега ќе ги ставам сликите на социјалните мрежи и тоа баш со овој текст: “Некаде и кога врне е убаво!” Отворив фејсбук и … занемев, цела страна едно те и

МАМО, ЗОШТО НЕ СИ СРЕЌНА?

Image
Утрово мојата три ипол годишна ќерка ме праша: Мамо, зошто не си среќна? Прашање кое истовремено урнебесно ме насмеа и ужасно ме растажи. Беше вообичаено утро. Ќерка ми се разбуди уште со првите петли. Таа отвора очи уште пред првиот зрак сонце. Рано понеделничко утро. Си помислив, ах зар не можеше да поспиеш уште малку. Прв пат решив да не одам рано на работа и дека ќе си дозволам да поспијам малку повеќе. Со оглед дека вечерта до доцна ја средував куќата, бањање, спремање облеки, ручек од вечер и ситни женски работи низ домот. Но заборавив дека одамна не си дозволувам таков луксуз себе си. Одамна не се прашувам јас. Одамна не се врти светот околу мене и моите потреби. Да не се лажеме, оние чии деца спијат уредно, нормално и доволно(или многу повеќе) за возраста, не разбираат воопшто за што зборувам. Мајка, сопруга, домаќинка, кариеристка. Потребата од квалитетен сон и немање на истиот може да биде толку истоштувачка, безизлезна и поразителна. А стравот од тоа дека можеби нешто не е в

ПОНЕДЕЛНИКУ, ОДИ ПО ЃАВОЛИТЕ

Image
Понеделниците знаат да бидат многу тешки. Знаете, понеделник прв ден на работа после викенд. Барем за повеќето. За некои не се знае ни празник ни делник. Овој понеделник за мене не беше работен. Ни претходниот. Ниту деновите измеѓу. Имав "слободни" денови. А денови ли се денови кога од утро до вечер со едно легнуваш со истото стануваш. Како да ја победиш оваа злобна болест која ти го онеспособува телото, ти го напаѓа организмот и ти го заробува умот. Но тоа е друга приказна која ќе ви ја раскажам некој друг ден. Кога ќе бидам подготвена. Можеби некој друг понеделник. Или среда, за да биде среќна. Не знам кога ама не денеска. Денеска ќе ви раскажам за понеделников. Понеделников кој ми беше претежок. Ме уништи, како да дотраев веќе. Како да ми ја исцица целата енергија која и онака малку ја имав. Како да сакаше да ми каже дека ништо не е готово и дека допрва почнува мојата борба Борбата која како што можам да видам ќе ја водам сама. Борбата да успеам да ги соберам илјадниците п

НЕКАНЕТ ГОСТИН

Image
Црна врана на прозор бел ми застана.  На вратата колве клука,  да ја пуштам внатре чука.  Ми застана среде соба,  со очишта црни,  пушти глас во глуво доба.  Ах што несреќа се стори,  и умот и телото ми го гори. Мене ме фати, кон либето крилја пушта,  најмилото ми го гушка. Оди врано, црна врано.  Зар не знаеш пуста ти,  неканет гостин си.  Саатот до разделба ита брои, неканет гостин зад врата стои. Мојата куќа од љубов свети ко алтан,  не ни личиш ти црна катран. Бегај, бегај собери крилја, не пуштај глас,  тргни клунчиште од нас. Знам несудена ти,  дури песнава патува,  времето ти се скратува.  Штом абер ми пристигне,  тебе студот ќе те стигне.  Тогаш во пазуви ќе си плукнам,  и во дрво три пати ќе чукнам.