Posts

Showing posts from March, 2016

МАМО, ШТО Е ТОА ВОЈНА?

Image
Додека утрово пиејќи го чајот седев и размислував за она што ми се случува и се обидував да најдам одговор на многу прашања, се сетив дека мајка ми, ми ги има кажано најголемите лаги во животот. Честопати по некоја ситна добронамерна лага, поретко по некоја заштитничка, но неколку пати во животот ми кажала лаги кои тешко ги поднесов откако ја дознав нивната вистина.   “ Мамо, што е тоа војна? Ништо сине, далеку е тоа од нас. ” Можеби ова беше најболната лага која некогаш ми ја кажала. Колку и да била добронамерна и заштитничка според неа, мене ми го скрши срцето. Бев многу малечка кога прв пат го слушнав зборот војна .  Не знаев што точно значи, ама бев сигурна дека е нешто многу лошо. Татко ми го попушташе тонот на телевизорот секогаш кога на вестите зборуваа за некоја војна и ни велеше да бидеме тивки, а мајка ни не испраќаше да си играме. Баба ми често знаеше да си зборува сама на себе  “ ах таа пуста војна ќе ја снема ли некогаш. ”  Имав слушнато дека роднини и загинале во во

АКО

Image
Ако не ти кажев, ќе знаеше ли? Ако не те прашав, ќе ми кажеше ли? Ако молчев, ќе прозбореше ли барем ти? Ако знаев, ќе признаеше ли?  Ако зборував, ќе молчеше ли ти? Ако не брзав, ќе ме стасаше ли? Ако ти верував, ќе ми простеше ли? Ако не те сакав, зар ќе ме сакаше ти? Ако те изневерев јас, ќе ми простеше ти? Ако не ти простев, ќе постоеше ли?
Image
Таа во очите имаше сонце, слично на она од утрово.  И ги бакнуваше зениците, а и ја гризеше душата! 

За дождот

Image
Дождот може да биде вистинска симфонија за слушање. Важно е што правите, каде сте и најважно од сѐ, со кого. Сѐ додека во душата имате сонце, надвор не е важно колку ќе врне.
Image
Кога на дрвјата ќе раззеленат гранките. Кога на гранките ќе никнат пупките. Кога пупките ќе расцветаат. Кога птиците ќе слетаат. Слушни ја нивната песна. Ќе ти кажат нешто.

СОНЦЕ

Image
Нема само едно сонце на светов.  Ова надвор што сјае, ни го грее само телото. А има едно сонце што ни ја грее душата.  Тоа изгрева кога има насмевки, прегратки, добри дела, топли зборови, нежни бакнежи, силни стисоци и искрени погледи.  Изгрејте многу сонца, сега знаете како.

Јас сум најсебичната личност што ја познавам

Image
Те сакам, е најубавиот збор. Најхуманиот, најдобриот, најпосакуваниот. Најдраг збор за изговарање и за слушање. Ама затоа пак “ сакам ” е себичен збор. Многу себичен. Барем така велат многумина.  Ако е така, тогаш јас сум најсебичната личност што ја познавам. Сакам подобар свет. Сакам подобра јас. Сакам подобра верзија од тебе. Сакам подобро време утре кога ќе станам од спиење. Сакам “ добро утро ” со фина интонација и бакнеж. Сакам појадок во кревет и млеко во кафето. Сакам и да не е превриено. Сакам варени јајца за појадок. И цеден сок од портокал. Сакам подобра работа. Или нова работа. Сакам сите семафори да светат зелено. Сакам клучеви што брзо се наоѓаат. Сакам компјутерот на работа да не се рестартира секој ден на прво уклучување. Сакам тишина. Сакам сонце на мојот прозорец. Сакам торба за јакната, за да не ја носам во раце. И ниски чизми ако одам пешки. Сакам продавници. И сакам да пазарам во нив. Најмногу храна. И “ парталчиња ”. Сакам еднаш кога ќе дојдам о