Posts

Showing posts from November, 2014
Image
Да издржиш повеќе од што можеш, да ја измориш душата од лошата среќа а да не ја наведнеш главата. Да ја зачуваш храброста и насмевката кога сите други се неправедни. Да не се плашиш пак да зачекориш- кој може да каже дека тоа не е величина? Во животот секогаш стои цврсто како карпа во морето без да те обеспокојат брановите кои се креваат, предизвикани од бродовите кои без срам пловат во забранети води! 
Image
На улица сретнав еден многу богат млад човек. Шапката му беше стара, панталоните куси, палтото износено.. Вода му влегуваше во чевлите, а ѕвезди му излегуваа од душата..  Беше вљубен!  

КАКО ШТО ТЕ ЉУБАМ ЈАС

Image
Ќе ме љубиш ли искрено?  Безрезервно и безусловно? Без двоумење и колебање? Без пишманење? Без тронка грижа, вина и страв? Ќе ме љубиш ли без разум? Ќе ме љубиш ли така,  та да посакам  светот пред нозе би ми го ставил? Ќе ме љубиш ли лудо? Ќе ме љубиш ли толку верно, што би можел со денови и ноќи  да ме гледаш в очи без срам? Ќе ме љубиш ли така? Така, како што те љубам јас.. 
Image
На секој пилот му е потребен копилот. Добро е да знаеш дека имаш некој покрај себе, посебно ако времето е облачно..  
Image
Кога понекогаш молчиме, не значи дека немаме ништо да кажеме.. само сакаме да видиме до каде може да стаса дрскоста на другите, кои додека зборуваат гледаат преку нашето рамо а замижуваат пред нашите очи. Тие не знаат дека со секоја минута затворени очи губат по шеесет секунди од сјајот. 

НАЈГОЛЕМАТА ЛАГА

Image
Неуморна болка не стивнува.. удира, удира каде најмногу боли.. во срцево.. не умее тоа да се бори,  не научи како. Научи да сака, но не и да се бори. И боли ли боли... Дојде како дожд среде лето,  исчисти рани да не боли,  освежи душа да не горчи,  отвори срце да не молчи. Зачука, и отворив. Влезе  седна, рече само да одмори. Пресреќна веднаш ја помолив,  се' што сака веднаш ја понудив. Нежности цела ја опсипав,  со тело, срце и стоплував.  Принуди срце со дамари,  да љуби без да заборави. Таман лисја раззеленив,  со спокој душа исполнив и надеж нова осетив,  замина без да се поздрави. Остави ноќи и ладови,  утра без сонце на прозори,  денови полни јадови.  Се пустев и штурев да верувам,  да простам, да молчам, заборавам.  Ја барав, ја молев, преколнував. Застана, поглед наведна,  постоја, помолче, се сврте и неповрат замина. Кој ли кажа дека љубовта е вечна? 

РЕТКА ПТИЦА

Image
Дали си привид или сон? И од кое небо си, штом над глава носиш ореол. Човек си или Бог?  Ме слушна ли што во сон зборев, па ми подаде рака и на срцево му дошепна, па почна да сака. Ме гледаше со очи мили,  весели, а сепак диви. Ти подадов рака, срце ми зема. При зборови останав нема. Штом ме допре се отвори небо цело, нема темнина, се' беше бело. Љубовта покорно се поклони пред мене, и ми подари семе. Ти посадив радост и страст. Радост во очите, страст на усните. Ти си како дожд среде лето,  како насмеано дете.  Ти си и затишје и бура, и ден и ноќ, и понизност и моќ. Ти си како ретка птица, како облак син и зрно си и џин. И море си и капка, ти си и награда и казна.  Ти си и земја црна и бистра вода,  и затвор си и слобода. Ти си и болка и лек,  и секунда си и цел еден век.  

ПОГРЕШНА ВРАТА

Image
Не изневерувајте ги оние во кои верувате. Не кажувајте им лаги на оние кои ве гледаат со искреност. Животот некогаш може да ве однесе на погрешна врата, но пред да ја подадете раката да ја отворите, добро погледнете, вашата ли е? Ја чувствувате ли препознатливата топлина која доаѓа од внатре? Се наслушува ли од таму мир и спокој? Ви мириса ли на среќа? Дали ви се чини како да ве обзема љубов? Дали е тоа навистина вашата врата? Не пуштајте чекор, не влегувајте. Ќе се извалкате. А таа дамка нема никогаш да ја тргнете, нема ни да избледи. Ќе помине време, ќе се истрошите, ќе се излитите, веќе ништо нема да сјае на вас, ќе ви се познава само дамката. Ќе стои таму да сведочи, црна како онаа ноќ кога отворивте туѓа врата. И порано или подоцна вистината ќе се појави пред вас, па ќе ви тежи на плеќите и ќе ви ја гори душата. А каењето ќе стане вечен гостин во вашата постела, со кој ќе заспивате и ќе се будите, и секогаш ќе сака да е во средина! 

ТЕ ПОЗНАВАМ ЛИ

Image
Ме знаеш ти.. ме познаваш..   Кога прв пат ни се сретнаа погледите, го виде одразот на твоето лице во моите очи. Лице уморно, во истовреме и храбро и тажно.  Лице на човек џин, но со душа од кашмир.  Ме знаеш ти.. ме познаваш.. Го знаеш моето тело..  секој сантиметар  од меката недопрена кожа. Ти го дадов за да ја распостелеш  душата врз него.. да ја измиеш од 'рѓата.  Да ја постелеш секоја среќа  и секоја болка..  секоја капка пот.  Ме знаеш ти.. ме познаваш..    Го знаеш моето насмеано лице,  моите очи кои сјаат во ноќта..  моите гради..  таму често ја навалуваш главата  криејќи го твоето загрижено лице. Ме знаеш ти.. ме познаваш..    Ги знаеш моите усни ..  треперат кога ги бакнуваш..  со секоја нивна воздишка  ја забораваш секоја несреќна минута.  Ми ги знаеш рацете, ја прават најискрената и најтопла прегратка на цел свет..  знаеш ти.. само таму си сигурен, само таму е чисто!   Ме знаеш ти.. ми го знаеш телото,  ама ми ја зна

ЗА ЉУБОВ НЕ СЕ МОЛИ

Image
Кога ќе засака срце едно ем мало, ем бедно се надева пусто, се бори вредно. Чекорот му е тежок и бавен,  знае тоа, долг и трнлив, патот  не ќе да е рамен.  Но не попушта, држи тегне и дење и ноќе, ни око да склопи да легне. Се чува, се штити да не пушти солзи нови, се стега пусто да не го боли. Нема ништо, а за љубов сѐ ќе даде! Ќе чека долго, долго. И вера и име и живот ќе даде. Ќе љуби силно и дење и ноќе, и делник и празник. Ќе направи сѐ, и можно и не! Ќе сака како лудо,  од три на триста, ќе направи да трае секое чудо! Ќе се бори, ќе се надева ќе чека,  ќе простува и кога боли.  Само едно никогаш,  никогаш нема да моли!  Оти знае тоа, за љубов не се моли.

СО ДЕНОВИ

Image
Ех.. што би дала јас да те љубам со денови. Ех.. да те љубам една цела ноќ..  да ти ги дадам усниве, на нив жар да ставиш. Да те љубам, та од љубов да изгориш,  за воздишка да молиш.  Ех.. со усниве мои печат да ставам,  на лицето да пишува, од срцето да шепоти..  дека МОЈ си само!  Ех.. што би дала јас ноќта рај да ти ја претворам.  Ти бог, а јас твоја божица на љубовта. Ех.. да ти ги дадам рацеве,  да ги префрлиш околу тебе, та да ми се чини  светот цел пред мене е.  Ех.. да ти ги дадам градиве мои бели, па да ја навалиш главата и да го чуеш срцево,  што сал за тебе ми зборува!  Ех.. тука на срцево да потонеш во копнеж,  да ме љубиш со сласт, да изгориш од страст!  Ех.. да си ти гладен воин,   а моето тело трпеза богата,  како вино да ме налиеш,  до последната капка да ме испиеш.  Ех.. што би дала јас на градиве  да ја дочекаш зората..  на рацеве да ми одмараш,  телото мое да ти биде и легло и покривка.  Сонцето да изгрева, а јас

ЈАС ВЕРУВАМ ВО ТРЕТА СРЕЌА

Image
Можеби некогаш ќе разбереш зошто сум плачела без зборови. Можеби некогаш ќе дознаеш колку тага ми насобрала душава. Можеби некогаш ќе откриеш дека безброј ноќи додека ти спиеше се нурнував во перницата сакајќи да ги удавам солзите што ми го печеа лицето. Можеби некогаш ќе разбереш дека сакав да ме гледаш во очи за твоите да ми кажат што премолчуваш. Можеби некогаш ќе откриеш дека често се преправав дека спијам, надевајќи се дека ќе ми кажеш нешто што не можеш додека сум будна. Можеби некогаш ќе разбереш зошто секогаш за се' те прашувам неколкупати, се надевам ќе го смениш одговорот.. јас верувам во трета среќа. Можеби некогаш ќе дознаеш дека никогаш ништо не ти простив, јас само не сакав да те оставам.  Можеби некогаш ќе откриеш дека влегував во тоалетот ја пуштав чешмата и додека водата течеше плачев на глас. Можеби некогаш ќе дознаеш дека кога ќе заспиеш те гледам до доцна во ноќта, ти го гледам лицето дали ти е насмеано, уживаш ли, дали си среќен? Секоја воздишка ти ја слу

ОГЛЕДАЛО

Image
Што е љубовта? Дали е кога некој ќе ти нацрта црвено срце,  и ќе ти го подаде тајно? -Не е! Ми велеше тетка ми. -Јас го сакам мојот човек и без да ми црта срце. Баба ми за нив велеше дека во очите им се гледа љубовта. Често ги загледував и не можев да ја видам. Тие се смееја... -Не е таму , тука е... покажуваше на градите..  - Тука ме гори, се потиш.. лицето ти сјае,  од очите ти светкаат искри..  Сега често се гледам во огледало.

ЈИН И ЈАНГ

Image
Еј љубов.. еј Ти љубов. Ти, на кој додека му зборувам, телото ми трепери.. усните ми горат за бакнеж. Еј Ти, љубов моја најголема, Ти од кој сон немам кога не те гледам. Еј ти љубов моја чиста, од која срцето ми бие како лудо, како да сака да излезе и да се пресели во твоите раце.. та на глас да ти каже ТЕ САКАМ! Еј Ти, крадецу на моите мисли. Ти есенски дожду.. исчисти душа да не горчи, отвори срце да не молчи. Ти, сону мој недосонуван. Ти, принцу мој на бел коњ. Ти и Јас, кренати едра среде бура и ветар. Ти и Јас, уморно сонце зад облаци темни. Ти и Јас, две тела, а душа една. Ти и Јас, Јин и Јанг.

Најмоќната сила на светот

Image
Која е таа сила што те воздигнува,што те чува, што знае се', која секогаш е чекор пред тебе? Дали е оловната тишина, или секој бран тага? Можеби сонот недосонуван, или мислата за утрото? А дали треба да се молчи, дали е вредна тагата, дали да сонуваш или да се разбудиш? Дали постои утрото? Солзи како река течат, но и тие еден ден те изневеруваат, пресушуваат... Суша во срце уморно... Проклета болка, не запира. Мириса на очај, на сомнежи. Секое утро светлосни години далеку од вистината, погледнуваш во Пандорината кутија... надежта се' помалку ја има. Се троши со секое ново утро. Времето станува потреба, се' побрзо мине, се' повеќе ти треба. Потребни ти се луѓето, но прво треба да ги има за да ти бидат потребни. А се' помалку ги има.  Сам си одбираш и среќа и тага, и злодело и казна. И се' е лесно, само не и да преболиш. Болката те притиска во градите, ти ги заматува очите, ти го одзема сонот, те лишува од слободата. Ти ја истиснува секоја надеж, ти ја гаси

РАНА

Image
Ранава што Ти ми ја отвори, не се лечи така лесно, саде убави зборови. Ранава што Ти ми ја отвори, бездна.. ладна и темна. Ранава што Ти ми ја отвори, пуста да е.. боли ли боли, не мине, ден за ден.. парче по парче од душава ми кине. Ранава што Ти ми ја отвори.. дупка црна удолу длабоко, угоре високо, та чмае везден. Ранава што Ти ми ја отвори, како 100 камшици по кревко тело.. гледаш само темно и црно,  а никаде светло.. бело. Ранава што Ти ми ја отвори, душава ми ја разболи.. со ладни раце валкани ја стегна.. ја удави! Ранава што Ти ми ја отвори, поле пиреј и трње ми посади.. везден корни го, со нокти греби.. копај го, нејќе пусто корења пуштило! Ранава што Ти ми ја отвори, и умот и телово ми го зароби. И дење и ноќе, ни вода ни леб, како патник сам, ем глув ем слеп. Ранава што Ти ми ја отвори, се породи! И вчера и денес.. и утре нов род ја чека. Оти место лек, сол ја храниш. Ранава што Ти ми ја отвори, никогаш, никој и ништ

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Image
Да знаеш да сакаш не е убаво, да знаеш да сакаш е привилегија. Да можеш да сакаш пак е дарба. Но да манипулириш дека сакаш е тоа е веќе генијалност! Да верува некој во она за кое ти мислиш дека треба, да изгуби некој кој најмалку требало, да покаже некој нешто што и не постоело до тој момент кога ти си посакал да видиш,  да се надева некој кога нема суштинска подлога за таа надеж, да мисли некој дека може, а не може, да знае некој кога нема и што да се знае, е тоа е апокалипса на постоењето. Хм, се почесто се сомневам во фразата дека луѓето се такви(никакви) поради зачестените промени на времето.. или името беше. Како и да е, вака како што тргнале работиве почнувам длабоко да верувам дека стварно ќе ни се случи природна катастрофа. Оти нели и ние сме деца на природата. Луѓе! Колку тоа гордо звучи. Во што се претворивме? Лажни пријателства, солзи ко од сапуница, празни зборови, студени дланки(до времето е) вештачки насмевки, третокласна глума.  Пријателки. Ја викаш на кафе, глум