Posts

Showing posts from October, 2022

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ

Image
Потоната во сопствените мисли заборавив дека ставив вода за чај. Водата веќе вриеше, чајникот свиреше, а моите мисли се средуваа полека. Ја тргнав водата од оган и за миг подзастанав. Каков чај да ставам? Вчера ги ставив последните цветови липов чај. Чај од лушпи од орев и лушпи од кромид ми е повеќе како лек за грло, сега ми треба чај да си ја стоплам душата. Планинскиот одамна заврши, ванила и јагода ми звучеше премногу оптимистички. Го отворив делот во кујната каде вообичаено чувам различен чај во кесички. Чај за мирен сон, чај за добра ноќ, црн чај.. па добро има ли нешто за во попладневни часови кога си сам со своите мисли и сакаш да уживаш во тишина? Еве го! Уште една кесичка остана. Чај од мајчина душица. Ја земав кесичката и ја ставив во жешката вода. Си реков додека чајот "се направи" ќе одам да ги извадам алиштата од пералната, да ги ставам во сушарата и да наредам нова облека за перење. Кога се вратив како чекорев кон трпезаријата чувствував опоен мирис. Мирис на м