РЕТКА ПТИЦА
Дали си привид или сон?
И од кое небо си, штом над глава носиш ореол.
Човек си или Бог?
Ме слушна ли што во сон зборев,
па ми подаде рака и на срцево му дошепна,
па почна да сака.
Ме гледаше со очи мили,
весели, а сепак диви.
Ти подадов рака, срце ми зема.
При зборови останав нема.
Штом ме допре се отвори небо цело,
нема темнина, се' беше бело.
Љубовта покорно се поклони пред мене,
и ми подари семе.
Ти посадив радост и страст.
Радост во очите, страст на усните.
Ти си како дожд среде лето,
како насмеано дете.
Ти си и затишје и бура, и ден и ноќ,
и понизност и моќ.
Ти си како ретка птица, како облак син
и зрно си и џин.
И море си и капка,
ти си и награда и казна.
Ти си и земја црна и бистра вода,
и затвор си и слобода.
Ти си и болка и лек,
и секунда си и цел еден век.
И од кое небо си, штом над глава носиш ореол.
Човек си или Бог?
Ме слушна ли што во сон зборев,
па ми подаде рака и на срцево му дошепна,
па почна да сака.
Ме гледаше со очи мили,
весели, а сепак диви.
Ти подадов рака, срце ми зема.
При зборови останав нема.
Штом ме допре се отвори небо цело,
нема темнина, се' беше бело.
Љубовта покорно се поклони пред мене,
и ми подари семе.
Ти посадив радост и страст.
Радост во очите, страст на усните.
Ти си како дожд среде лето,
како насмеано дете.
Ти си и затишје и бура, и ден и ноќ,
и понизност и моќ.
Ти си како ретка птица, како облак син
и зрно си и џин.
И море си и капка,
ти си и награда и казна.
Ти си и земја црна и бистра вода,
и затвор си и слобода.
Ти си и болка и лек,
и секунда си и цел еден век.
Comments
Post a Comment