Posts

Showing posts from December, 2016

Се викам Симона

Image
Сакам да заборавам некои работи. Или кога подобро ќе размислам сакам да заборавам многу работи. Едно чудо. Како еден куп од стар мебел што стои во дворот и чека да биде фрлен на некој отпад засекогаш. Сакам сé да заборавам. Да добијам амнезија, да гледам, а да не видам. Да слушам, а да не чујам. Да сум тука, а да ме нема. Да бидам, а да не сум. Сакам да заборавам како се викам, па кога ќе ме прашаат да кажам Петра. Или Катја. Не, можеби Симона. Кое и да е, само не моето. Здраво, јас сум Симона! Да, сакам да  заборавам сé што било, и што требало да биде, а не е. За да не жалам оти не биднало. Да не ми е тешко на душава оти така било пишано. Сакам да заборавам сé. Да ме застанеш да ми се насмевнеш, да можам да те одминам. Оти нели не те познавам. Сум те заборавила. Да ме прашаат те боли ли уште? Да не знам што, та да ги гледам чудно, луѓево што зборат. Да ми речеш, се сеќавам ли. Та како да се сеќавам кога не знам што збориш човек. Сакам да заборавам, дека си беше еднаш, сакам да мислам

НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ

Image
Не е важно колку лошо ви започнал денот. Не е важно ни ако целиот ден ви се чинел вечност. И цел ден ви било мачно. Не е важно колку негативни луѓе ви го попречиле патот. И колку лоши зборови зад вашето рамо слушнавте. Колку валкани раце поздравивте. Ништо не е важно, ако на крајот на денот, една чиста рака ви отвори врата. И со топол збор ве погали по вашето рамо. Па посакате мигот да трае вечност. Не е важно како ви започнал денот. Важно е како ќе ви заврши. Нели делото, крајот го краси?

ЖИВОТОТ Е ТОА

Image
Животот е помалку горчлив, ретко благ. Еден ден сонце, друг ден мраз. Понекогаш, ти се чини сите бродови потонале,  сите возови поминале, улиците тесни ќорсокак. Тогаш погледни покрај себе. Ако имаш некој до тебе, насмевни се, пружи ја раката и стегни цврсто. Замижи, вдиши длабоко и отвори ги очите. Тие очи пред тебе, се сé што ти треба. Ја слушаш сирената, тоа е нов брод што се закотвува. Тропкаат шините во далечината. Продолжи по истата улица. И стегни уште повеќе. Со секој чекор се топи мразот под тебе. Сонцето свети на хоризонтот. Подели ја последната коцка чоколадо. Загризи и не се врти назад. Животот е тоа.