Posts

Showing posts from October, 2016

РУМ СО ПОРТОКАЛ

Image
Понекогаш посакувам да те запознаев сега. Сега, откако сум потешка за стотици ситни грешки кои ги префрлам од едното рамо на другото. Сега, кога созреав доволно за да не се сопнувам на секоја пречка на патот по кој одам. Да те запознаев сега, ќе ти кажев нешто друго за себе. Немаше да ти кажам дека сум плачка. Немаше ни да ти кажам дека сум романтична. Немаше ни да бидам. Ќе ти кажев нешто друго, што и да е, само сигурно не она што ти го кажав првиот пат. И немаше да пијам рум со портокал. Да те запознаев сега, немаше да ти кажам дека јас не знам да лажам. Да те запознаев сега, ќе те излажев дека не знам да лажам.  А понекогаш посакувам да те запознаев многу порано, таму далеку.. многу одамна. Кога не бев ни доволно паметна ни доволно возрасна, за да знам што е правилно, а што погрешно. Што е лошо, а што добро. Тогаш кога се' уште плачев за оценка во училиште, за лошо сошиениот матурски фустан, или за првиот паднат испит на факултет. Кога се' уште плачев за неважни работи. Т
Image
Кога ќе ги слушнеш последните птици на прозорците, последните лисја под чекорите, надојдената вода на бреговите, последниот џагор по друмовите.. тогаш ќе ти кажам нешто.

МОЈОТ ФУСТАН СО БОЈА НА БИСЕР

Image
Погледна низ прозорецот, ноќ. Погледна на часовникот, два часот по полноќ. Око не можеше да склопи. Прозорците беа оставени без завеси, од вчерашното чистење, па можеше да го види небото убаво. Ведро, но ѕвезди онде овде. Само  Месечината светеше, и неа како да не ја фаќаше сон. Хах- се насмевна, та не ќе се мажи таа, јас ќе се мажам- си помисли. Во собата тивко, во срцето громови. Се обидуваше да го смири дишењето, но попусто. Градите водеа танец, горе-долу, горе-долу.. Погледна низ прозорецот, ноќ. Погледна на часовникот, речиси 4 часот наутро. Ни овци не помагаа, ни од 100 наназад, ни трепкање со немирните очи, никакви животни, инсекти, техники, ништо. Попусто беше, секој труд беше залуден. Очите ѝ беа  ширум отворени.  Мрак во собата, а неа ѝ се  гледаше кристално јасно. Убавите смарагдни очи ѝ се  наполнија солзи кога го виде фустанот закачен на орманот. Трепна брзо и воздивна. Од горе до долу на орманот висеше преубава венчаница со боја на бисер. Мека и свиленкаста, с