Posts

Showing posts from 2019

ТЕМНИНА

Image
Колку тага ми насобрала душава,  колку жал ми тежи на плеќите.  Како цел свет на клепки да го носам, а тој пуст да е,  тежок од неправди, од болка и несреќи.  Ме налегнал, ме сардисал. Колку ми е исплашено срцево,  црна да не ми остане душата.  Празна како дупка голема, црна како Арапина,  празна како пустина. Колку болка чувам во очите,   да ми погледнеш, та да занемеш.  Колку солзи ронам од јадови,  од сомнежи,  колку само тајни кријам неброени. Колку ми е изморено телото,  како сто возови да ме прегазиле,  како сто стапа одеднаш да ме покориле.  Не ме крепат нозеве што не знаат кај одат. Не ме држат рацеве што немаат кого да прегрнат. Колку ми е умот заматен,  исто му е дал ноќ е ил огреал ден.  Како матна вода, како ветар силен,  носи сѐ со себе, како оган гори,  се мачи, се пусти, да издржи се бори.

АКО ПОСТОИ ЗАБОРАВ

Image
Ако постои поубава средба од онаа со Бог, тогаш тоа е нашата прва средба. Ако постои нешто понежно од свила, тоа е твојот допир врз мојата дланка. Ако постои поубав свет од овој, тоа е оној во кој сум сакана. Ако постои нешто подолго од вечноста, тоа е мојата љубов за тебе. Ако постои поголема светлина од онаа на Месечината, таа е во моиве очи кога те гледаат. Ако постои поголема моќ од онаа на разумот, тогаш тоа е моќта на срцето. Ако постои нешто поцврсто од камен, тогаш тоа е твоето срце. Ако постои поубав сон од животот, тоа е оној во кој ништо не боли. Ако постои поужасна трагедија од онаа на Софокле, тогаш тоа е мојата. Ако постои поголем гнев од оној на боговите, тогаш тоа е овој што управува со мене. Ако постојат поголеми црнила од оние на Чашуле, тогаш тие се во мојава душа. Ако постои поголем виновник од тебе, тогаш тоа сум јас. Ако постои надеж, ќе се покаеш. Ако постои прошка, ти ја давам. Ако постоеше заборавот, не ќе постоеше ти.

СОН

Image
Знае таа, не е така лесно.  Патот до него долг и тесен ѝ е.  Мачно ѝ е, во гради ја стега, гори.  Но не се предава, пусто кога сакаш,  сакаш иако боли!   Знае таа, не попушта стега заби,  ама не и да моли.  Знае таа, за љубов не се моли.  Сака таа, ама ајде сакај сам.  Не ја бива ни срце едно, ни еден ум,  ни тело едно.  Знае таа, нема друго чаре.  Ќе пушти чекор, ама назад.  Знае таа, тешко му е нему многу,  па и не е лесно да разбереш срце женско.  Знае таа, ова не е тоа што ѝ треба.  Не е толку силно, ни толку сјајно.  Знае таа, а го сака силно како дете мало.  Го сака дење, а го љуби само ноќе, на сон! 

ЗА ДЕДО МИ

Image
Колку силно може една внука да го сака својот дедо? Бескрајно многу, ќе ви кажам јас. Единствено за што жалам е што мислам дека тој никогаш не дозна за тоа. Дедо ми. Колку љубов тој ми даваше. Му кипеше од очите кога со солзи ќе ме здогледаше како ја отворам влезната порта. Му ѕвонеше од грлото кога ќе ми речеше “ Кај си злато мое ” . Му црвенееше љубовта на образот кој му го бакнував, а за кој тој мислеше дека е стар, иако свежо избричен знаејќи дека ќе им појдам на гости. Тој ист топол образ кој не знаев дека претпоследно ќе го бакнам за Божиќ и десетина дена подоцна за последен пат. Скаменет, како и моето срце. Дедо ми. Се присетив на него вечерва кога погледнав стари фотографии и видео. Сестра ми ми испраќа нешто и вели : “ Да видиш нешто сама, за да не гледаме заедно повеќе ќе плачеме. ” “ Ајде-  велам ”.  Пред повеќе од 25 години. Свадба на тетка ми. Прво танго, младоженците, секој со својот пар. Јас и дедо ми. Ние си бевме пар. Сите фатени на оро, јас и тој свое. Н

БЕШЕ ВТОРНИК

Image
Дојде и тој ден.  Минутите ѝ се чинеа денови .  Беше збунета и возбудена.  Гледаше надвор. Ги затвораше очите и пак погледнуваше.  Се плашеше да нѐ сонува.  Ги гризеше растреперените усни и не ни помислуваше дека скоро некој ќе ги бакнува.  Уште една станица и ќе ѝ се отвори вратата на среќата, нив ги одбра да затропа.  Го  здогледа од прозорецот на бавнио т автобус.  Така убав, мил, со неверојатна насмевка. Стоеше и ја чекаше.  Слезе, чекореше, но мислиш не ја допираше земјата.  Очите ѝ светеа како никогаш дотогаш.  Две души си доаѓаа во пресрет.  Таа му ја подаде раката, а тој... тој и го зема срцето.  Беше вторник.

НАДЕЖТА Е НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ

Image
К олку сме ние себични. Колку сме само слепи и глуви. Живееме со минатото во нас, мислиме на иднината , а со тоа ја пропуштаме сегашноста. Го пропуштаме тоа што е тука присутно, го ч увствуваме, го г л едаме, го сфаќаме, го слушаме и го сакаме , но не го признаваме. Подаваме раце на бездушници, г и слушаме работите извитоперено и лажно и веруваме само во она во што мислиме дека треба и се помируваме со тоа. А остануваме неми пред надежта. Пред надежта за нов ден, за нова пролет, нова мисла, нов почеток, нова сре ќ а, нов живот. К аква иронија е животот. Не ги сфаќаме навреме работите и подоцна се каеме. Г ледаме и целиме многу далеку, а само да ја кренеме главата и погледот нема да не излаже, надежта е тука. Т ежок или лесен, краток или долг, вистински или лаж ен , животот е еден. Важно е само која улога ќе ја имаш во таа претстава и на крајот да те запомнат како личност , а не како бројка. Толку прашалници без точки. Како да се наоѓаш на врвот од дното. Стоиш потиштен, зло