Posts

Showing posts from February, 2022

МАЈКА, ЌЕРКА И ЕДНА ЖЕЛБА

Image
"Земи ја ти мама, јас имам многу желби. Земи една за тебе."  Ми рече мојата 4 годишна ќерка и ги стопи сите снегови во мене додека усните ги развлече во нејзината препознатлива милион долари насмевка. Па срамежливо ме праша, плачеш мама? Од среќа плачеш? Да! Од среќа мила моја. Затоа што пред мене гледам едно дете кое чекори на прав пат. Дете кое знае да направи разлика што е добро, а што лошо. Дете кое знае да препознае тага и да понуди утеха, да препознае среќа и да се радува. Дете кое слушало сé што сум зборувала и гледало сé што сум правела. Пред мене гледам дете кое знае да дели и умее да дава. Дете кое е полно со емоции и емпатија за другите. Пред мене гледам едно неверојатно интелигентно дете кое ме восхитува со својата остроумност, со својот слободен дух, со својот цврст карактер, со својата весела природа и исклучителна генијалност. Затоа што пред мене гледам дете кое е благодарно и свесно за тоа што го има.  Кога паднатата трепка од нејзините најубави на свет очиња