Posts

Showing posts from April, 2021

МАМО, ЗОШТО НЕ СИ СРЕЌНА?

Image
Утрово мојата три ипол годишна ќерка ме праша: Мамо, зошто не си среќна? Прашање кое истовремено урнебесно ме насмеа и ужасно ме растажи. Беше вообичаено утро. Ќерка ми се разбуди уште со првите петли. Таа отвора очи уште пред првиот зрак сонце. Рано понеделничко утро. Си помислив, ах зар не можеше да поспиеш уште малку. Прв пат решив да не одам рано на работа и дека ќе си дозволам да поспијам малку повеќе. Со оглед дека вечерта до доцна ја средував куќата, бањање, спремање облеки, ручек од вечер и ситни женски работи низ домот. Но заборавив дека одамна не си дозволувам таков луксуз себе си. Одамна не се прашувам јас. Одамна не се врти светот околу мене и моите потреби. Да не се лажеме, оние чии деца спијат уредно, нормално и доволно(или многу повеќе) за возраста, не разбираат воопшто за што зборувам. Мајка, сопруга, домаќинка, кариеристка. Потребата од квалитетен сон и немање на истиот може да биде толку истоштувачка, безизлезна и поразителна. А стравот од тоа дека можеби нешто не е в