Posts

Showing posts with the label ТЕКСТОВИ

КАРАНФИЛИ

Image
Со тагата едноставно треба да умееш. Тагата е како некоја старица која продава каранфили по кафеаните. Само мораш упорно да се правиш дека не ја приметуваш, па кога тогаш ќе се заврти и ќе замине. Иако како да ти се чини дека секогаш ќе се вртка околу твојата маса цвилејќи.. И пази, ако и подариш само трошка внимание нема да се смири се додека не ти ја продаде целата кошница и не завладее со тебе. Тагата никогаш не ги заборава лицата на галантните муштерии и нема да те заобиколи никогаш повеќе!

ЦВЕЌЕ И ТРЊЕ

Image
Секогаш кога ќе побарав нешто, Ти имаше што да ми понудиш. "Ладно ми е".  Не оти ми беше, туку го сакав твоето палто врз моите рамена. Или прегратка. Сакав да ме гушнеш и да се стоплам.   "Дојди љубена".  Или само да ми кажеш некој убав збор што ќе ми ја стопли душата па нема да ми студи повеќе. Ти рече дека веднаш ќе вклучиш греење.. Јас не го сакам сонцето, сакам само еден зрак. Јас не сакам градина , сакам само еден цвет. Обичен цвет скинат попатно, на кој сеуште му останале трњето, па кога ќе го земам од возбуда да ги боцнам прстите и да потече крв. Да знам дека сум жива. Јас не сакам бисери бели, сакам школка празна тукушто извадена од песок, мокра и валкана. Па да ја чистам во плиткото море додека оној зрак од сонцето ми го гали лицето и ти се смешкам заводливо, иако солта од водата ми ги пече раните на рацете, оние од трњето на розата. Јас не сакам скапи изненадувања. Сакам само изненадувања. Јас не сакам многу, сакам доволно. Незнам дали добивав ама секогаш

ИМА НЕШТО ПОВАЖНО ОД ЉУБОВТА

Image
Ме сакаш ли?  Цел живот најважна од сѐ ми беше љубовта. Секоја љубов.  Откако паметам за себе, тежнеам да живеам со љубов.  Онаа детската кон своите играчки, љубовта кон  мама, кон своето маченце, подоцна кон татковината преку преубавите состави во трето одделение, љубовта кон пишаниот збор, преку првата симпатија и таа платонска љубов, па се до потрагата на љубовта на мојот живот. И цело ова време мислев дека љубовта е најважното нешто. Важно ми беше да знам дека сум сакана. Се додека не почувствував дека има нешто друго што е поважно од љубовта. Се додека не почувствував колку боли да не те почитуваат. Грозно. Чувството е толку лошо што посакуваш да излезеш од сопствената кожа, да те снема, да се отвори земјата и да те голтне. Посакуваш да добиеш амнезија која никогаш нема да исчезне како не би ја почувствувал уште еднаш таа болка. Тежнеејќи да бидам сакана, дозволив да бидам непочитувана. Заборавив дека пред да бидам жена јас сум човек. Посветувајќи го целото свое време, ене

МИРИС

Image
Посакувам да можев добра ноќ да ти кажам на десетина сантиметри од моите до твоите очи. Посакував да може ова место што секогаш го чувам до мене, наутро да е топло, постелата изгужвана. Посакувам да ми кажеш, "кошмар е ќе помине" додека ми ја држиш испотената дланка и ме бакнуваш на лицето. Посакувам да си тука вечерва. Не си. Претурам по алиштата, барам некоја маица што мириса на тебе. Ја земам, ја ставам на перницата до мене. Ммм.. мирисам. Тука е. Мирис на љубов, мирис на страст, топлина и острина. Нежен мирис на парфем измешан со мажественост и сила. Ммм... се нурнувам и го дишам твојот мирис.  И не е толку присутен тука, колку што ми е врежан во мислите. 

Airplane mode у автобус, молам??

Image
Во неделата бев малку на гости, еднодневна екскурзија да кажам, освен што не си купував грицки, сокчиња и слични глупости за по пат кои вообичаено ги купувавме кога одевме на екскурзии кои траеја неколку часa а ние нормално сме си купиле  јадење за цела недела. Мислам немој случајно тој што ќе седи до тебе или онаа Тања од седмо б да има некоја кроасана повеќе. Туку да се вратам на муабетот да не забегам многу од темата. И така си помина денот, најадена напиена, кафе и муабет и си дојде време да си одам. Стасав на автобуската си седнав во автобус и тргнавме. Баш екскурзија (само шо не ја пеевме -шофере, шофере дај мало... хаха) автобусот крца, некои се смеат, некои сакаат да спијат па ти маваат убиствени и прекорувачки погледи да заќутиш. Мене малку досадно, малку повеќе , не е многу возење, час до час и половина со оглед дека врнеше беше влажно па автобусот си везеше ( пр. везе гоблен) по автопат ама што да правам. Се трудев да не заспијам, иако кога и да се возам кога патувам некаде,

УТОПИЈА

Image
Постојано врвица која не ја знае својата цел и се наога ни на небо ни на земја. Неуморно врви борејќи се постојано со безмилосните ветришта кои како молскавични шлаканици удираат по лицето. Продолжуваш само напред и се наоѓаш на врвот од дното. И паѓаш. Но за момент стануваш, ги тресеш колениците, ја бришеш земјата од лицето и со солзи во очите продолжуваш кон врвот. И се со некоја цел со некое скриено значење кое и ние самите не го знаеме. Но едно знаеме. Имаме доверено мисија која мора да ја исполниме, и баш затоа сме сега и тука. Но ако е ова мојата мисија, јас многу сум скршнала од патот. Ако оваа горка борба за живот е мојата мисија тогаш  јас сум последна во оваа врвица. А нешто што најмалку сакав е да сум само бројка. Зачудена истрчав во Големата градина, а таму само едно мало ќошенце е мое. Мало , мало ама само мое. Седнав на коленици и почнав да копам. Ја риев земјата со рацете, со нокти гребев се побрзо и побрзо. За момент застанав и помислив. Но што барам јас? Дали среќата

Колку боли одмаздата

Image
Се плашиш дека еден ден ќе ти ја изгорам душата. Сакаш да знаеш како изгледа тоа? Нема да се случи сѐ додека е тивка. Сѐ додека е рамнодушна и осамена. Сѐ дотогаш ништо нема да ѝ се случи. Сѐ додека дише тивко, бавно и безлично сѐ дотогаш ништо нема да ѝ се случи. Оти животот е зол казнувач. Тој нема да ја земе таква уморна, збрчкана и нема. Ја зема оној миг кога од живот блика. Кога е најгласна. Мене тогаш ми ја зема. Ми ја от тргна од телото со голи раце и ми ја здроби на ситни парченца. Таман бев навикнала на среќа, се научив да се смеам на глас. Телото ми беше спокојно со мирна душа во него. Полни гради љубов, полно срце среќа, а душата царува! Беше како созреано зрно грозје. Блага, сочна, мазна. Набабрила што од среќа, што од горделивост. Горда што во себе носи толку радост и убости. Еден ден распука. Некој ја скина. Ја оттргна од телово и ми ја распарчи. Ја стегаше, ја раздроби меѓу прстите, а она се разлеа капка по капка. Онаму каде капеше испари сѐ, не остана ништо од убоста. О

ГО САКАМ ЈАНУАРИ

Image
Го сакам јануари. Го сакам секој голем, а сепак недоволно долг ден за да те сакам повеќе. Го сакам јануари, од 1-ви до 31-ви. Од утро, преку пладне се до квечерина па и цела ноќ. Го сакам јануари откако ти припаѓам тебе. Го сакам студот и снегот во јануари. Во првиот јануари, тој не спои. Ни ги спои дланките, да се топлат меѓусебе, телата да се припијат едно до друго во прегратка и да ни ја згреат душата. Го сакам јануари, секој датум таму ми е како одново раѓање. Го сакам јануари оти иако прогласен за најдепресивен, мене ми е најсреќен! Го сакам јануари оти ме научи да слушам радио во кола цела ноќ речиси додека не се раздени, а да не ми е ладно, или да не признаам дека ми е. Го сакам јануари оти кога се' замрзна и запре, мене ми зачука срцето како никогаш дотогаш и ми расцути пролет во душата среде зима. Го сакам првиот јануари, оној лани и овој сега што го живеам. И ќе го сакам секој нареден, се додека те сакам и тебе.  А тоа е засекогаш. 

ДВЕ ГОДИНИ ПРЕТХОДНО

Image
Беше тоа една вечер чудна, сонував ли бев ли будна. Твоите очи во мене вперени, нежни, таинствени и одмерени.Твоите прсти во мојава коса, очите мои гледаат низ твоите, моето тело покрај твоето. Понекогаш сеуште ми се чини дека ќе се разбудам. Се штипкам, ги затворам очите и повторно ги отворам. Се насмевнувам скришум само за себе и знам, не сонувам.  Кога прв пат те видов, чиниш за тебе сум сонувала цел живот. Убав, висок,  од крв и месо, стоеше до мене, а некој како да ми шепотеше.. ова е човекот што го чекаш. Твоите погледи ми ги галеа срамежливите образи, гласот твој ми го разигра срцето како рајска птица на моето рамо, а твоите случајни допири ми ја топлеа душата. Од тој ден ти стана замислена оска околу која се врти мојот свет.  Велат времето не застанува. Не е точно. Кога за прв пат ми ги допре усните целиот универзум застана за миг. Само јас и ти, твоите усни ги љубат моите како никој дотогаш. Од тој ден повеќе ништо не е исто. Кога ти ја дадов раката не знаев дека ти го дав

ЌЕ ОСТАНЕШ?

Image
Јас : Ќе ме однесеш? Тој : Каде? Јас : Не знам. Не знам каде. Некаде. Само однеси ме. Ајде сега носи ме, те молам!  Тој : Добро, добро, ќе те однесам. Ама кажи ми каде? Јас : Не знам каде, ама некаде подалеку од тука. Некаде на друго место, каде светот од почеток се создава и секој живот одново се раѓа. Таму некаде. Само не тука. Ќе ме однесеш?  Тој : Во ред, ќе те однесам.  Јас : А ќе останеш со мене таму? Тој : Па.. не знам каде е тоа таму, ама се додека ти си таму, не е важно каде сум, важно е дека ќе бидам со тебе. Да, ќе останам.  

Прозорецот од другата страна на реката

Image
Со месеци навечер пред спиење фрлав поглед кон еден осветлен прозорец од една висока кула на ридот од другата страна на реката. Понекогаш и со часови стоев до мојот прозорец и гледав таму. Светлината што доаѓаше од таму иако далечна ме заслепуваше, небаре самата месечина дошла на прозоров да ми биде друшка во тивката ноќ. Стоев и гледав. Само јас, месечината и осветлениот прозорец од кулата. Безброј ноќи ги поминав со помислата да сум таму.. Да можев некако да појдам,  барем  само скришум да ѕирнам. Само еднаш да можев да ја видам светлината одблизу па макар ослепела за навек. Со милни очи ја гледав месечината, со поглед ја молев да ми помогне.. но и пред да успеам да изустам и збор, таа се криеше позади некој облак црн. Се завиткуваше целата и молчеше. Не знам дали од сожалување, од прекор или срам.. Но јас не се откажував. Стоев, гледав и чекав во тишина. Бессони ноќи поминав, многу студени утра дочекав. И секоја ноќ повторно и повторно застанував до мојот прозорец и гледав таму. Се

ПОГРЕШНА ВРАТА

Image
Не изневерувајте ги оние во кои верувате. Не кажувајте им лаги на оние кои ве гледаат со искреност. Животот некогаш може да ве однесе на погрешна врата, но пред да ја подадете раката да ја отворите, добро погледнете, вашата ли е? Ја чувствувате ли препознатливата топлина која доаѓа од внатре? Се наслушува ли од таму мир и спокој? Ви мириса ли на среќа? Дали ви се чини како да ве обзема љубов? Дали е тоа навистина вашата врата? Не пуштајте чекор, не влегувајте. Ќе се извалкате. А таа дамка нема никогаш да ја тргнете, нема ни да избледи. Ќе помине време, ќе се истрошите, ќе се излитите, веќе ништо нема да сјае на вас, ќе ви се познава само дамката. Ќе стои таму да сведочи, црна како онаа ноќ кога отворивте туѓа врата. И порано или подоцна вистината ќе се појави пред вас, па ќе ви тежи на плеќите и ќе ви ја гори душата. А каењето ќе стане вечен гостин во вашата постела, со кој ќе заспивате и ќе се будите, и секогаш ќе сака да е во средина! 

ЈАС ВЕРУВАМ ВО ТРЕТА СРЕЌА

Image
Можеби некогаш ќе разбереш зошто сум плачела без зборови. Можеби некогаш ќе дознаеш колку тага ми насобрала душава. Можеби некогаш ќе откриеш дека безброј ноќи додека ти спиеше се нурнував во перницата сакајќи да ги удавам солзите што ми го печеа лицето. Можеби некогаш ќе разбереш дека сакав да ме гледаш во очи за твоите да ми кажат што премолчуваш. Можеби некогаш ќе откриеш дека често се преправав дека спијам, надевајќи се дека ќе ми кажеш нешто што не можеш додека сум будна. Можеби некогаш ќе разбереш зошто секогаш за се' те прашувам неколкупати, се надевам ќе го смениш одговорот.. јас верувам во трета среќа. Можеби некогаш ќе дознаеш дека никогаш ништо не ти простив, јас само не сакав да те оставам.  Можеби некогаш ќе откриеш дека влегував во тоалетот ја пуштав чешмата и додека водата течеше плачев на глас. Можеби некогаш ќе дознаеш дека кога ќе заспиеш те гледам до доцна во ноќта, ти го гледам лицето дали ти е насмеано, уживаш ли, дали си среќен? Секоја воздишка ти ја слу

Најмоќната сила на светот

Image
Која е таа сила што те воздигнува,што те чува, што знае се', која секогаш е чекор пред тебе? Дали е оловната тишина, или секој бран тага? Можеби сонот недосонуван, или мислата за утрото? А дали треба да се молчи, дали е вредна тагата, дали да сонуваш или да се разбудиш? Дали постои утрото? Солзи како река течат, но и тие еден ден те изневеруваат, пресушуваат... Суша во срце уморно... Проклета болка, не запира. Мириса на очај, на сомнежи. Секое утро светлосни години далеку од вистината, погледнуваш во Пандорината кутија... надежта се' помалку ја има. Се троши со секое ново утро. Времето станува потреба, се' побрзо мине, се' повеќе ти треба. Потребни ти се луѓето, но прво треба да ги има за да ти бидат потребни. А се' помалку ги има.  Сам си одбираш и среќа и тага, и злодело и казна. И се' е лесно, само не и да преболиш. Болката те притиска во градите, ти ги заматува очите, ти го одзема сонот, те лишува од слободата. Ти ја истиснува секоја надеж, ти ја гаси

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Image
Да знаеш да сакаш не е убаво, да знаеш да сакаш е привилегија. Да можеш да сакаш пак е дарба. Но да манипулириш дека сакаш е тоа е веќе генијалност! Да верува некој во она за кое ти мислиш дека треба, да изгуби некој кој најмалку требало, да покаже некој нешто што и не постоело до тој момент кога ти си посакал да видиш,  да се надева некој кога нема суштинска подлога за таа надеж, да мисли некој дека може, а не може, да знае некој кога нема и што да се знае, е тоа е апокалипса на постоењето. Хм, се почесто се сомневам во фразата дека луѓето се такви(никакви) поради зачестените промени на времето.. или името беше. Како и да е, вака како што тргнале работиве почнувам длабоко да верувам дека стварно ќе ни се случи природна катастрофа. Оти нели и ние сме деца на природата. Луѓе! Колку тоа гордо звучи. Во што се претворивме? Лажни пријателства, солзи ко од сапуница, празни зборови, студени дланки(до времето е) вештачки насмевки, третокласна глума.  Пријателки. Ја викаш на кафе, глум