УТОПИЈА

Постојано врвица која не ја знае својата цел и се наога ни на небо ни на земја. Неуморно врви борејќи се постојано со безмилосните ветришта кои како молскавични шлаканици удираат по лицето. Продолжуваш само напред и се наоѓаш на врвот од дното. И паѓаш. Но за момент стануваш, ги тресеш колениците, ја бришеш земјата од лицето и со солзи во очите продолжуваш кон врвот. И се со некоја цел со некое скриено значење кое и ние самите не го знаеме. Но едно знаеме. Имаме доверено мисија која мора да ја исполниме, и баш затоа сме сега и тука. Но ако е ова мојата мисија, јас многу сум скршнала од патот. Ако оваа горка борба за живот е мојата мисија тогаш  јас сум последна во оваа врвица. А нешто што најмалку сакав е да сум само бројка. Зачудена истрчав во Големата градина, а таму само едно мало ќошенце е мое. Мало , мало ама само мое. Седнав на коленици и почнав да копам. Ја риев земјата со рацете, со нокти гребев се побрзо и побрзо. За момент застанав и помислив. Но што барам јас? Дали среќата која како фурија избегала од мене? Дали љубовта која веќе одамна ја сонувам само? Или барам еликсир за вечен живот? Но што ќе ми е, така само ќе ја продолжам болкава. Но продолжувам да копам. Колениците ми се крвави, рацете исечени и уморни. Со последни сили копам, ако ништо друго Пандорината кутија мора да е тука некаде. Се чувствувам валкано и грозно , да можев да излезам од сопствената кожа не би се мислела два пати. Зар можеше толку несреќа да се собере во една душа? Сeкој нов ден е нова болка. Во борбата со секој ден се чувствувам како бесмртен гладијатор. Умирам и повторно оживувам само за утредента повторно да умрам, и се така. А не побарав многу. Не барав гозби за кралеви, жртви за богови, за реки мостови. Да, побарав мост, но не за од брег до брег, побарав мост за од срце до срце. А што добив? Копнеам за свет полн со среќа, искрена љубов и верување. Зар е толку тешко тоа? Но нема пари кои би го купиле тоа, оти не се купува се чувствува. А чувството е повредно од се на светов. Среќата не ме познава, љубовта ме одминува а и онаа ситна радост која ми ја причинуваат малите нешта, ја заклучив во собава, но таа излегла низ клучалката. Кога ништо не ти оди од рака чувството е како куќа без прозорци, дрво без корен, птица без небо како риба без вода. А сакам само палто врз рамената кога ми студи, рака цврсто припиена до мојата, искреност за појадок, за ручек крајче безрезервна љубов, за вечера поглед полн разбирање од најблиските и ке бидам сита за навек. Сакам нов живот, ново име, нова адреса овојпат без број. И гледам а слепа сум, вриштам а нема сум. Жива сум а како е можно тоа кога умрев уште кога се родив? 

п.с Кога ќе заклучувате оставајте го клучот во клучалката. 


Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ