МИРИС

Посакувам да можев добра ноќ да ти кажам на десетина сантиметри од моите до твоите очи. Посакував да може ова место што секогаш го чувам до мене, наутро да е топло, постелата изгужвана. Посакувам да ми кажеш, "кошмар е ќе помине" додека ми ја држиш испотената дланка и ме бакнуваш на лицето. Посакувам да си тука вечерва. Не си. Претурам по алиштата, барам некоја маица што мириса на тебе. Ја земам, ја ставам на перницата до мене. Ммм.. мирисам. Тука е. Мирис на љубов, мирис на страст, топлина и острина. Нежен мирис на парфем измешан со мажественост и сила. Ммм... се нурнувам и го дишам твојот мирис. 
И не е толку присутен тука, колку што ми е врежан во мислите. 


Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ