Airplane mode у автобус, молам??

Во неделата бев малку на гости, еднодневна екскурзија да кажам, освен што не си купував грицки, сокчиња и слични глупости за по пат кои вообичаено ги купувавме кога одевме на екскурзии кои траеја неколку часa а ние нормално сме си купиле  јадење за цела недела. Мислам немој случајно тој што ќе седи до тебе или онаа Тања од седмо б да има некоја кроасана повеќе. Туку да се вратам на муабетот да не забегам многу од темата. И така си помина денот, најадена напиена, кафе и муабет и си дојде време да си одам. Стасав на автобуската си седнав во автобус и тргнавме. Баш екскурзија (само шо не ја пеевме -шофере, шофере дај мало... хаха) автобусот крца, некои се смеат, некои сакаат да спијат па ти маваат убиствени и прекорувачки погледи да заќутиш. Мене малку досадно, малку повеќе , не е многу возење, час до час и половина со оглед дека врнеше беше влажно па автобусот си везеше ( пр. везе гоблен) по автопат ама што да правам. Се трудев да не заспијам, иако кога и да се возам кога патувам некаде, ме фаќа дремка па морам да отспијам некој километар. И чепкам по телефонот, интернет, фејсбук отвори-затвори. Лелееее,  жешко и досадно не ме фаќа место. Си реков ај ќе пишувам нешто, ќе напишам некоја од овие моиве, поезија или проза да се олабавам малку. И почнав да пишувам на тел два три реда и неможам. Човеков што седи до мене ми гледа у телефон! Си седи,  дури и се позаврте накај мене и си гледа право во мојот телефон. Или незнам може и да гледаше во мојата отворена ташна од која ѕиркаше буквално се и сешто. Од шминки и турпии за нокти, преку хулахопки, преса за коса, полнач, тетратки, па се до ручекот кој не го дојадов па ми го спакуваа за по пат. Баталив пишувањето. И чепкам така по телефонот па ми текна еј чекај ќе го ставам телефонот на сајлент, оти страшно ме иритира така кога ќе почнат да ѕвонат на телефони и слушам луѓе како прават ручеци по телефон, раскажуваат како си поминале синоќа, се договараат, се караат и слични недолични однесувања на јавни места. Нејќам да слушам-нејќам да ме слушаат. И сега за ова што ќе го напишам може да ми се смеете колку сакате ама боже мој стварно незнаев! Мислам смејте ми се гајле ми е, ама ете никогаш  не сум ја штиклирала опцијата (сум немала прилика) и стварно незнаев дека тоа и тоа значело тоа. Добро, добро, не ја тупам веќе еве кажувам. Си викам чекај ќе ставам на airplane mode ...... и кога ми вика ...Attention You will not be able to make or receive calls while in airplane mode. ????? Е тие што знаат сега си викаат, е добро де шо не е јасно? (Може веќе да почнете да ми се смеете мислам кога на бубамара е дозволено што да не и тука) Чекај , чекај ...шоооооооо? Ова му доаѓа како забрана за дојдовни и појдовни повици сакаш да ми кажеш?? А јас драги мои пошо "вчера" летав (за малку ќе пишев се возев) со авион од кај да знам бе дека тоа значело????!!! Чекајте де, ќе Ви објаснам што ми е поентата, па нели крајот го краси делото, има финта, само бидете стрпливи да се доискажам. Еее, јас мислев кога ќе ставиш airplane mode автоматски се на телефонот оди на silent... разбираш, да не одиш посебно пораки мораки, вајбер, вибрации или тишина, туку ставаш авионче и телефонот не диши. (Смејте се бе шо има врска) А оно телефонот изгледа навидум нормално уклучен а уствари е исклучен. Швалерска работа. И јас гледам и леле кога ми светна. Си мислам така и ми текнуе, чекај бе, зашо на љубениов мој у неколку наврати сум му го видела тоа авиончето на телефон????? Хелоу! Немогуче! Ха Ха! Епа како што вика он ѓаволот ни ора ни копа, он со авион си летал! Хммм.... шо ќе му е бе airplane mode? Со свои очи (скришно, под око, со брзина на светлината) ама едно 5-6 пати сум му го видела тоа авиончето! Леле, не ми се верува! Е сега доста Ве гњавев, ама мојава приказна не е како оние новите народни приказни на канал5(намерно е со мала буква, да можев и со помала ќе го напишев)  па да прекине, и ти си мислиш реклами има а она завршила така од средина, ни крај, ни порака ни наравоучение! Е мојата има! Наравоучение драги мои, не си ја барајте бељата оти ќе ја најдете( не, не, ова не се важи момчево мое така вика, па ќе ми го искористи у самоодбрана)... Или како вистинската Алиса, не ја пикајте главата во секоја дупка,(особено ако немате јаже) оти  не знаете колку е длабока! Ааа да, секако дека ќе го прашам (А душо? ) и ќе Ви кажам што ќе му е airplane mode у соба! 
До следното читање, ве сака ваша Алиса!

п.с Љубави, незнаев дека со мене ти е ко летање со авион! 



Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ