ЖИВОТОТ Е ТОА

Животот е помалку горчлив, ретко благ.

Еден ден сонце, друг ден мраз.

Понекогаш, ти се чини сите бродови потонале,

 сите возови поминале, улиците тесни ќорсокак.

Тогаш погледни покрај себе.

Ако имаш некој до тебе, насмевни се,

пружи ја раката и стегни цврсто.

Замижи, вдиши длабоко и отвори ги очите.

Тие очи пред тебе, се сé што ти треба.

Ја слушаш сирената, тоа е нов брод што се закотвува.

Тропкаат шините во далечината.

Продолжи по истата улица. И стегни уште повеќе.

Со секој чекор се топи мразот под тебе.

Сонцето свети на хоризонтот.

Подели ја последната коцка чоколадо.

Загризи и не се врти назад.

Животот е тоа.




Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ