ПОРАКА ДО СИТЕ СЕГАШНИ И ИДНИ МАЈКИ

Денеска е среда. Среда вообичаено е среќен ден. Во среда се започнуваат нови работи. Се започнуваат бизниси, се отвораат фирми, продавници, во среда се дава збор, се прават веридби, се замесуваат свадбарски погачи. Среда е едноставно среќен ден.
Но не и денешната среда. Денеска замре сѐ. Денеска ништо не се отвори. Напротив сѐ се затвори. Сѐ што преостана. Бизнисите одамна закочија, продавниците и фирмите затворија, зборовите ветени не се кажаа, веридбите и свадбите се откажаа. Има ли смисла животот? Многумина се прашуваат. А живот ко живот пуст да е, каков таков го живееш. Дур го имаш, твој е.

Еден млад живот згасна денеска. Една мајка не бидна. Една среда стана несреќна. Се затвори една мајчинска приказна уште незапочната. Се отвори само рана голема. Жал за неа. Тага по неа. Чедо без неа.
Зар има смисла животот?
Има. Има драги мои. Сѐ додека дишете, се додека легнувате навечер и се будите наутро со милион прашања, стравови, грижи, желби и копнежи. Сѐ додека сте тука и сега има надеж и животот има смисла. Ова е порака за сите вас кои во овие моменти сте загрижени, исплашени и безнадежни. За сите вас кои сте со титулата идни мајки. Или тукушто исправени пред предизвикот да се биде мајка кога светот е на колена. За Јуле која е при крајот од блаженството. За Марина која е на почетокот. За Елена која само што ги виде двете црти. За Еми која има високи димери, за Ана која се надмудрува со дијабетесот, за Софија која се обидува да ја држи во нормала преекламсијата, за Сања која после години борба и молби, дочека да пушти радосници солзи. За сите вас храбри, силни, издржливи, кршливи, очајни, безнадежни, исплашени, расплакани, а насмеани. Кои зборувате гласно, а плачете тивко. Хероини на сопствениот живот и на оној под вашето срце. Како кревка мајка знам што чувствувате, знам за што стравувате. Знам што размислувате, а никому не се доверувате. Знам колку поттиснувате, колку поднесувате. Да можам да ве прегрнам, да ви го слушнам срцето, да ви ја смирам душата.

Драги мајки не тагувајте, не плашете се, не грижете се. Една ластовичка не прави пролет. Една несреќа, не значи крај. Една изгубена битка не значи крај на војната. Вие го имате најсилното оружје. Нема ништо посилно од мајчинската љубов и ништо похрабро од мајка. Оваа војна ваша е. Љубов во време на колера сега е - нов живот во време на корона! Вие го можете тоа. Не сте сами, ние сме тука. Вашите партнери, вашите мајки, роднини, пријатели, колеги, вашите посветени доктори. Ние нема да дозволиме да изгубите во оваа војна. Животот ќе победи. Затоа што е драгоцен. Ќе викне силно, најсилно на свет за да го најави своето доаѓање. И само солзи радосници ќе се леат. Не плашете се. Ќе боли само раѓањето, ама нели таа болка се заборава, од ова патешествие ќе се памти само среќата и радоста. Спијте мирно драги мои, утре е нов ден. А утрото е поумно од ноќта.
Додека топло ве прегрнувам, сѐ ќе биде во ред ви шепотам.
❤️


Comments

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ

ЗИМА ТРЕТА