ТАМУ БЕВ ЕДНАШ

Таму..
Таму кај што ноќите се студени и среде лето. Таму каде тишината е најубава, небото црно, а месечината црвена, црвена жари. Чиниш и таа гори од љубомора. Таму ѕвездите се толку близу, па само да ја кренеш раката и скоро си ги допрел со врвот на прстите. Таму бев еднаш. Но никој не знае. Таму зборовите се излишни, дланките испотени, а очите затворени. Таму воздишките пишуваат историја, секој здив засебна приказна.
Таму..
Таму кај што ноќите стануваа се постудени и постудени. Таму кај што дрвјата се највисоки, а лисјата беа најжолти. Таму бев пак. И никој не знае. Таму чекориш со чекори на крадец. Времето брзо минува, а среќата се брои во мигови. Таму, на место на злосторот кога минував маска симнував. Само таму дланките се споени, како калап една со друга. Таму љубовта е насекаде. Ја вдишуваш од воздухот, ја гледаш на прозорите, ја наоѓаш помеѓу чаршавите.
Таму..
Таму слушнав водата друга приказна раскажува. Жубори нова песна, поинаква, туѓа. Таму ветрот ми ги избришал чекорите. Таму зимава ноќите ќе бидат сигурно најстудени. Снегот најубав, бел и нежен. Таму среде темнината, постела бела. Таму лагата е најромантична.
Ако одам.. никој нема да знае!

Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ