Posts

МАМО, ЗОШТО НЕ СИ СРЕЌНА?

Image
Утрово мојата три ипол годишна ќерка ме праша: Мамо, зошто не си среќна? Прашање кое истовремено урнебесно ме насмеа и ужасно ме растажи. Беше вообичаено утро. Ќерка ми се разбуди уште со првите петли. Таа отвора очи уште пред првиот зрак сонце. Рано понеделничко утро. Си помислив, ах зар не можеше да поспиеш уште малку. Прв пат решив да не одам рано на работа и дека ќе си дозволам да поспијам малку повеќе. Со оглед дека вечерта до доцна ја средував куќата, бањање, спремање облеки, ручек од вечер и ситни женски работи низ домот. Но заборавив дека одамна не си дозволувам таков луксуз себе си. Одамна не се прашувам јас. Одамна не се врти светот околу мене и моите потреби. Да не се лажеме, оние чии деца спијат уредно, нормално и доволно(или многу повеќе) за возраста, не разбираат воопшто за што зборувам. Мајка, сопруга, домаќинка, кариеристка. Потребата од квалитетен сон и немање на истиот може да биде толку истоштувачка, безизлезна и поразителна. А стравот од тоа дека можеби нешто не е в

ПОНЕДЕЛНИКУ, ОДИ ПО ЃАВОЛИТЕ

Image
Понеделниците знаат да бидат многу тешки. Знаете, понеделник прв ден на работа после викенд. Барем за повеќето. За некои не се знае ни празник ни делник. Овој понеделник за мене не беше работен. Ни претходниот. Ниту деновите измеѓу. Имав "слободни" денови. А денови ли се денови кога од утро до вечер со едно легнуваш со истото стануваш. Како да ја победиш оваа злобна болест која ти го онеспособува телото, ти го напаѓа организмот и ти го заробува умот. Но тоа е друга приказна која ќе ви ја раскажам некој друг ден. Кога ќе бидам подготвена. Можеби некој друг понеделник. Или среда, за да биде среќна. Не знам кога ама не денеска. Денеска ќе ви раскажам за понеделников. Понеделников кој ми беше претежок. Ме уништи, како да дотраев веќе. Како да ми ја исцица целата енергија која и онака малку ја имав. Како да сакаше да ми каже дека ништо не е готово и дека допрва почнува мојата борба Борбата која како што можам да видам ќе ја водам сама. Борбата да успеам да ги соберам илјадниците п

НЕКАНЕТ ГОСТИН

Image
Црна врана на прозор бел ми застана.  На вратата колве клука,  да ја пуштам внатре чука.  Ми застана среде соба,  со очишта црни,  пушти глас во глуво доба.  Ах што несреќа се стори,  и умот и телото ми го гори. Мене ме фати, кон либето крилја пушта,  најмилото ми го гушка. Оди врано, црна врано.  Зар не знаеш пуста ти,  неканет гостин си.  Саатот до разделба ита брои, неканет гостин зад врата стои. Мојата куќа од љубов свети ко алтан,  не ни личиш ти црна катран. Бегај, бегај собери крилја, не пуштај глас,  тргни клунчиште од нас. Знам несудена ти,  дури песнава патува,  времето ти се скратува.  Штом абер ми пристигне,  тебе студот ќе те стигне.  Тогаш во пазуви ќе си плукнам,  и во дрво три пати ќе чукнам.  

ПОРАКА ДО СИТЕ СЕГАШНИ И ИДНИ МАЈКИ

Image
Денеска е среда. Среда вообичаено е среќен ден. Во среда се започнуваат нови работи. Се започнуваат бизниси, се отвораат фирми, продавници, во среда се дава збор, се прават веридби, се замесуваат свадбарски погачи. Среда е едноставно среќен ден. Но не и денешната среда. Денеска замре сѐ. Денеска ништо не се отвори. Напротив сѐ се затвори. Сѐ што преостана. Бизнисите одамна закочија, продавниците и фирмите затворија, зборовите ветени не се кажаа, веридбите и свадбите се откажаа. Има ли смисла животот? Многумина се прашуваат. А живот ко живот пуст да е, каков таков го живееш. Дур го имаш, твој е. Еден млад живот згасна денеска. Една мајка не бидна. Една среда стана несреќна. Се затвори една мајчинска приказна уште незапочната. Се отвори само рана голема. Жал за неа. Тага по неа. Чедо без неа. Зар има смисла животот? Има. Има драги мои. Сѐ додека дишете, се додека легнувате навечер и се будите наутро со милион прашања, стравови, грижи, желби и копнежи. Сѐ додека сте тука и сега има н

ТЕМНИНА

Image
Колку тага ми насобрала душава,  колку жал ми тежи на плеќите.  Како цел свет на клепки да го носам, а тој пуст да е,  тежок од неправди, од болка и несреќи.  Ме налегнал, ме сардисал. Колку ми е исплашено срцево,  црна да не ми остане душата.  Празна како дупка голема, црна како Арапина,  празна како пустина. Колку болка чувам во очите,   да ми погледнеш, та да занемеш.  Колку солзи ронам од јадови,  од сомнежи,  колку само тајни кријам неброени. Колку ми е изморено телото,  како сто возови да ме прегазиле,  како сто стапа одеднаш да ме покориле.  Не ме крепат нозеве што не знаат кај одат. Не ме држат рацеве што немаат кого да прегрнат. Колку ми е умот заматен,  исто му е дал ноќ е ил огреал ден.  Како матна вода, како ветар силен,  носи сѐ со себе, како оган гори,  се мачи, се пусти, да издржи се бори.

АКО ПОСТОИ ЗАБОРАВ

Image
Ако постои поубава средба од онаа со Бог, тогаш тоа е нашата прва средба. Ако постои нешто понежно од свила, тоа е твојот допир врз мојата дланка. Ако постои поубав свет од овој, тоа е оној во кој сум сакана. Ако постои нешто подолго од вечноста, тоа е мојата љубов за тебе. Ако постои поголема светлина од онаа на Месечината, таа е во моиве очи кога те гледаат. Ако постои поголема моќ од онаа на разумот, тогаш тоа е моќта на срцето. Ако постои нешто поцврсто од камен, тогаш тоа е твоето срце. Ако постои поубав сон од животот, тоа е оној во кој ништо не боли. Ако постои поужасна трагедија од онаа на Софокле, тогаш тоа е мојата. Ако постои поголем гнев од оној на боговите, тогаш тоа е овој што управува со мене. Ако постојат поголеми црнила од оние на Чашуле, тогаш тие се во мојава душа. Ако постои поголем виновник од тебе, тогаш тоа сум јас. Ако постои надеж, ќе се покаеш. Ако постои прошка, ти ја давам. Ако постоеше заборавот, не ќе постоеше ти.

СОН

Image
Знае таа, не е така лесно.  Патот до него долг и тесен ѝ е.  Мачно ѝ е, во гради ја стега, гори.  Но не се предава, пусто кога сакаш,  сакаш иако боли!   Знае таа, не попушта стега заби,  ама не и да моли.  Знае таа, за љубов не се моли.  Сака таа, ама ајде сакај сам.  Не ја бива ни срце едно, ни еден ум,  ни тело едно.  Знае таа, нема друго чаре.  Ќе пушти чекор, ама назад.  Знае таа, тешко му е нему многу,  па и не е лесно да разбереш срце женско.  Знае таа, ова не е тоа што ѝ треба.  Не е толку силно, ни толку сјајно.  Знае таа, а го сака силно како дете мало.  Го сака дење, а го љуби само ноќе, на сон!