НЕКАНЕТ ГОСТИН

Црна врана на прозор бел ми застана. 

На вратата колве клука, 

да ја пуштам внатре чука. 

Ми застана среде соба, 

со очишта црни, 

пушти глас во глуво доба. 

Ах што несреќа се стори, 

и умот и телото ми го гори.

Мене ме фати, кон либето крилја пушта, 

најмилото ми го гушка.

Оди врано, црна врано. 

Зар не знаеш пуста ти, 

неканет гостин си. 

Саатот до разделба ита брои,

неканет гостин зад врата стои.

Мојата куќа од љубов свети ко алтан, 

не ни личиш ти црна катран.

Бегај, бегај собери крилја,

не пуштај глас, 

тргни клунчиште од нас.

Знам несудена ти, 

дури песнава патува, 

времето ти се скратува. 

Штом абер ми пристигне, 

тебе студот ќе те стигне. 

Тогаш во пазуви ќе си плукнам, 

и во дрво три пати ќе чукнам.  




Comments

Popular posts from this blog

ДА ТЕ САКАМ, МАЛКУ Е

Скопје, додека силно те сакам имам најмалку 22 причини да те мразам

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА И СПОМЕНИ