Posts

Се викам Симона

Image
Сакам да заборавам некои работи. Или кога подобро ќе размислам сакам да заборавам многу работи. Едно чудо. Како еден куп од стар мебел што стои во дворот и чека да биде фрлен на некој отпад засекогаш. Сакам сé да заборавам. Да добијам амнезија, да гледам, а да не видам. Да слушам, а да не чујам. Да сум тука, а да ме нема. Да бидам, а да не сум. Сакам да заборавам како се викам, па кога ќе ме прашаат да кажам Петра. Или Катја. Не, можеби Симона. Кое и да е, само не моето. Здраво, јас сум Симона! Да, сакам да  заборавам сé што било, и што требало да биде, а не е. За да не жалам оти не биднало. Да не ми е тешко на душава оти така било пишано. Сакам да заборавам сé. Да ме застанеш да ми се насмевнеш, да можам да те одминам. Оти нели не те познавам. Сум те заборавила. Да ме прашаат те боли ли уште? Да не знам што, та да ги гледам чудно, луѓево што зборат. Да ми речеш, се сеќавам ли. Та како да се сеќавам кога не знам што збориш човек. Сакам да заборавам, дека си беше еднаш, сакам да мислам

НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ

Image
Не е важно колку лошо ви започнал денот. Не е важно ни ако целиот ден ви се чинел вечност. И цел ден ви било мачно. Не е важно колку негативни луѓе ви го попречиле патот. И колку лоши зборови зад вашето рамо слушнавте. Колку валкани раце поздравивте. Ништо не е важно, ако на крајот на денот, една чиста рака ви отвори врата. И со топол збор ве погали по вашето рамо. Па посакате мигот да трае вечност. Не е важно како ви започнал денот. Важно е како ќе ви заврши. Нели делото, крајот го краси?

ЖИВОТОТ Е ТОА

Image
Животот е помалку горчлив, ретко благ. Еден ден сонце, друг ден мраз. Понекогаш, ти се чини сите бродови потонале,  сите возови поминале, улиците тесни ќорсокак. Тогаш погледни покрај себе. Ако имаш некој до тебе, насмевни се, пружи ја раката и стегни цврсто. Замижи, вдиши длабоко и отвори ги очите. Тие очи пред тебе, се сé што ти треба. Ја слушаш сирената, тоа е нов брод што се закотвува. Тропкаат шините во далечината. Продолжи по истата улица. И стегни уште повеќе. Со секој чекор се топи мразот под тебе. Сонцето свети на хоризонтот. Подели ја последната коцка чоколадо. Загризи и не се врти назад. Животот е тоа.

РУМ СО ПОРТОКАЛ

Image
Понекогаш посакувам да те запознаев сега. Сега, откако сум потешка за стотици ситни грешки кои ги префрлам од едното рамо на другото. Сега, кога созреав доволно за да не се сопнувам на секоја пречка на патот по кој одам. Да те запознаев сега, ќе ти кажев нешто друго за себе. Немаше да ти кажам дека сум плачка. Немаше ни да ти кажам дека сум романтична. Немаше ни да бидам. Ќе ти кажев нешто друго, што и да е, само сигурно не она што ти го кажав првиот пат. И немаше да пијам рум со портокал. Да те запознаев сега, немаше да ти кажам дека јас не знам да лажам. Да те запознаев сега, ќе те излажев дека не знам да лажам.  А понекогаш посакувам да те запознаев многу порано, таму далеку.. многу одамна. Кога не бев ни доволно паметна ни доволно возрасна, за да знам што е правилно, а што погрешно. Што е лошо, а што добро. Тогаш кога се' уште плачев за оценка во училиште, за лошо сошиениот матурски фустан, или за првиот паднат испит на факултет. Кога се' уште плачев за неважни работи. Т
Image
Кога ќе ги слушнеш последните птици на прозорците, последните лисја под чекорите, надојдената вода на бреговите, последниот џагор по друмовите.. тогаш ќе ти кажам нешто.

МОЈОТ ФУСТАН СО БОЈА НА БИСЕР

Image
Погледна низ прозорецот, ноќ. Погледна на часовникот, два часот по полноќ. Око не можеше да склопи. Прозорците беа оставени без завеси, од вчерашното чистење, па можеше да го види небото убаво. Ведро, но ѕвезди онде овде. Само  Месечината светеше, и неа како да не ја фаќаше сон. Хах- се насмевна, та не ќе се мажи таа, јас ќе се мажам- си помисли. Во собата тивко, во срцето громови. Се обидуваше да го смири дишењето, но попусто. Градите водеа танец, горе-долу, горе-долу.. Погледна низ прозорецот, ноќ. Погледна на часовникот, речиси 4 часот наутро. Ни овци не помагаа, ни од 100 наназад, ни трепкање со немирните очи, никакви животни, инсекти, техники, ништо. Попусто беше, секој труд беше залуден. Очите ѝ беа  ширум отворени.  Мрак во собата, а неа ѝ се  гледаше кристално јасно. Убавите смарагдни очи ѝ се  наполнија солзи кога го виде фустанот закачен на орманот. Трепна брзо и воздивна. Од горе до долу на орманот висеше преубава венчаница со боја на бисер. Мека и свиленкаста, с

Едно дождливо лето

Image
Погледнувам на календарот, јуни, прва половина. Погледнувам низ прозорецот, ноември, есен.  Времево побудалело. Не знам кој е по луд, времето или луѓето. Тоа од нас, или ние од него. Дефинитивно нешто не е како што треба. И станува главна тема на муабет. Во автобус две женички, ја составуваат прогнозата за денот. Дома, на работа, дури и во такси стана приоритетна тема. Со колешката на работа читаме временска прогноза и меѓу себе коментираме. Наидовме на информација дека демек цело лето ќе е вакво, врнежливо, облачно, ќе нема лето де. И во последниве неколку дена од неколкумина ја слушнав истата информација. "-Еј слушна цело лето ќе е вакво, се испорасипа времево бре! -Ќе врне и цел јуни и јули, така кажаа. " И се сетив на нешто. Нешто што ме тера да ги затворам очите, да си речам-која идиотка сум јас. Ах, колку будалесто од моја страна, кога само ќе се сетам, ми доаѓа да се отвори земјата и да ме голтне.  Не знам дали се сеќавате, пред околу 10 а можеби и повеќе години, ис