Posts

КАРАНФИЛИ

Image
Со тагата едноставно треба да умееш. Тагата е како некоја старица која продава каранфили по кафеаните. Само мораш упорно да се правиш дека не ја приметуваш, па кога тогаш ќе се заврти и ќе замине. Иако како да ти се чини дека секогаш ќе се вртка околу твојата маса цвилејќи.. И пази, ако и подариш само трошка внимание нема да се смири се додека не ти ја продаде целата кошница и не завладее со тебе. Тагата никогаш не ги заборава лицата на галантните муштерии и нема да те заобиколи никогаш повеќе!

ЦВЕЌЕ И ТРЊЕ

Image
Секогаш кога ќе побарав нешто, Ти имаше што да ми понудиш. "Ладно ми е".  Не оти ми беше, туку го сакав твоето палто врз моите рамена. Или прегратка. Сакав да ме гушнеш и да се стоплам.   "Дојди љубена".  Или само да ми кажеш некој убав збор што ќе ми ја стопли душата па нема да ми студи повеќе. Ти рече дека веднаш ќе вклучиш греење.. Јас не го сакам сонцето, сакам само еден зрак. Јас не сакам градина , сакам само еден цвет. Обичен цвет скинат попатно, на кој сеуште му останале трњето, па кога ќе го земам од возбуда да ги боцнам прстите и да потече крв. Да знам дека сум жива. Јас не сакам бисери бели, сакам школка празна тукушто извадена од песок, мокра и валкана. Па да ја чистам во плиткото море додека оној зрак од сонцето ми го гали лицето и ти се смешкам заводливо, иако солта од водата ми ги пече раните на рацете, оние од трњето на розата. Јас не сакам скапи изненадувања. Сакам само изненадувања. Јас не сакам многу, сакам доволно. Незнам дали добивав ама секогаш

ИМА НЕШТО ПОВАЖНО ОД ЉУБОВТА

Image
Ме сакаш ли?  Цел живот најважна од сѐ ми беше љубовта. Секоја љубов.  Откако паметам за себе, тежнеам да живеам со љубов.  Онаа детската кон своите играчки, љубовта кон  мама, кон своето маченце, подоцна кон татковината преку преубавите состави во трето одделение, љубовта кон пишаниот збор, преку првата симпатија и таа платонска љубов, па се до потрагата на љубовта на мојот живот. И цело ова време мислев дека љубовта е најважното нешто. Важно ми беше да знам дека сум сакана. Се додека не почувствував дека има нешто друго што е поважно од љубовта. Се додека не почувствував колку боли да не те почитуваат. Грозно. Чувството е толку лошо што посакуваш да излезеш од сопствената кожа, да те снема, да се отвори земјата и да те голтне. Посакуваш да добиеш амнезија која никогаш нема да исчезне како не би ја почувствувал уште еднаш таа болка. Тежнеејќи да бидам сакана, дозволив да бидам непочитувана. Заборавив дека пред да бидам жена јас сум човек. Посветувајќи го целото свое време, ене

МИРИС

Image
Посакувам да можев добра ноќ да ти кажам на десетина сантиметри од моите до твоите очи. Посакував да може ова место што секогаш го чувам до мене, наутро да е топло, постелата изгужвана. Посакувам да ми кажеш, "кошмар е ќе помине" додека ми ја држиш испотената дланка и ме бакнуваш на лицето. Посакувам да си тука вечерва. Не си. Претурам по алиштата, барам некоја маица што мириса на тебе. Ја земам, ја ставам на перницата до мене. Ммм.. мирисам. Тука е. Мирис на љубов, мирис на страст, топлина и острина. Нежен мирис на парфем измешан со мажественост и сила. Ммм... се нурнувам и го дишам твојот мирис.  И не е толку присутен тука, колку што ми е врежан во мислите. 
Image
Чашата не се прелева од водата што се насобрала во неа. Последната капка ја прелева чашата. Колку и да е мала и безначајна, доволна е. Премалку а премногу... 

Airplane mode у автобус, молам??

Image
Во неделата бев малку на гости, еднодневна екскурзија да кажам, освен што не си купував грицки, сокчиња и слични глупости за по пат кои вообичаено ги купувавме кога одевме на екскурзии кои траеја неколку часa а ние нормално сме си купиле  јадење за цела недела. Мислам немој случајно тој што ќе седи до тебе или онаа Тања од седмо б да има некоја кроасана повеќе. Туку да се вратам на муабетот да не забегам многу од темата. И така си помина денот, најадена напиена, кафе и муабет и си дојде време да си одам. Стасав на автобуската си седнав во автобус и тргнавме. Баш екскурзија (само шо не ја пеевме -шофере, шофере дај мало... хаха) автобусот крца, некои се смеат, некои сакаат да спијат па ти маваат убиствени и прекорувачки погледи да заќутиш. Мене малку досадно, малку повеќе , не е многу возење, час до час и половина со оглед дека врнеше беше влажно па автобусот си везеше ( пр. везе гоблен) по автопат ама што да правам. Се трудев да не заспијам, иако кога и да се возам кога патувам некаде,

УТОПИЈА

Image
Постојано врвица која не ја знае својата цел и се наога ни на небо ни на земја. Неуморно врви борејќи се постојано со безмилосните ветришта кои како молскавични шлаканици удираат по лицето. Продолжуваш само напред и се наоѓаш на врвот од дното. И паѓаш. Но за момент стануваш, ги тресеш колениците, ја бришеш земјата од лицето и со солзи во очите продолжуваш кон врвот. И се со некоја цел со некое скриено значење кое и ние самите не го знаеме. Но едно знаеме. Имаме доверено мисија која мора да ја исполниме, и баш затоа сме сега и тука. Но ако е ова мојата мисија, јас многу сум скршнала од патот. Ако оваа горка борба за живот е мојата мисија тогаш  јас сум последна во оваа врвица. А нешто што најмалку сакав е да сум само бројка. Зачудена истрчав во Големата градина, а таму само едно мало ќошенце е мое. Мало , мало ама само мое. Седнав на коленици и почнав да копам. Ја риев земјата со рацете, со нокти гребев се побрзо и побрзо. За момент застанав и помислив. Но што барам јас? Дали среќата