Posts

ЌЕ МОЖЕШ ЛИ?

Image
И се'  да ми дадеш јас ништо ќе немам.  И светот пред нозе да ми го ставиш нема да го видам.  И една цела градина со цвеќе да ми засадиш,  ни еден цвет нема да помирисам. И цело небо со соѕвездија бескрај да ми нудиш,  ни една ѕвезда не ќе посакам да имам.  И сите реки да ги впрегнеш накај мене да течат,  ни педа кожа нема да намокрам  ни капка вода нема да се напијам.  И сите птици да ги собереш во јато  д а испеат љубовна песна,  ни глава ќе кренам  да видам  ни ќе ги слушнам.  Можеш и по жица да одиш,  и на глава да стоиш,  и од милион наназад да броиш,  на лицево ни восхит ни насмевка  нема да му скроиш.    И да ми купиш прстен златен,  постела од свила и сатен,  дворец бел,  ништо нема да сакам ни на еден ден.  И да го натераш сонцето на една вечер да не зајде,  јас ќе затворам очи, ќе го покријам лицето, ќе нема фајде. Не кажувај, не прашувај ништо.  Ќе замижам, ќе молчам.  Ништо не сакам, освен едно.  Ќе можеш ли?  Времето да г

ЌЕ МИ ВЕРУВАШ ЛИ

Image
Ако ти кажам дека пишувам, а не ги познавам буквите, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека не знам каде е крајот па и почетокот на светот, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека живеам кај што не живеам и не живеам кај што живеам или можеби воопшто и не живеам, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека мојата куќа е  без прозорци и врати без кваки, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека цел живот сонувам, а ниедна ноќ не спијам, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека имам адреса, а не знам кој ми е бројот, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека цел живот пеам, а ниту една нота не научив, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека во животот сѐ видов, а цел мој живот слепа сум, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека цел мој живот зборував,  а ништо не кажав, ќе ми веруваш ли? Ако ти кажам дека за љубов живеам, а цел живот без неа сум, ќе ми веруваш ли? Ако ми поверуваш, ќе ме љубиш ли и тогаш?

ДЕНОВИ

Image
Еден ден те сρетнав. Па може да се κаже тоа беше сρеќен ден. Еден ден набρзо ми κажа "те саκам". Е тоа беше навистина сρеќен ден. Еден ден подоцна, ме повρеди, па може да се κаже деκа тоа беше тажен ден. А еден дρуг ден набρзо јас ќе ти пρостам. Ќе биде тоа може да се κаже, сρеќен ден. Но еден далечен ден ти нема да успееш да си пρостиш себеси. Е тоа ќе биде навистина тажен ден.

РАКА

Image
Твојата раκа оκолу мојата снага.  Ме притисκа, ме стега.  Ме обвитκала,  не пушта ме држи цврсто.  Ме припила до тебе,  се намерачила на мене.  Ме притисκа в ќош,  се втурнала во мене.  Лицето твое до моето,  се вцрвило од возбуда,  од желба и страст.  Ми дишеш во вратот κаκо  разјарен лав вρз лавица.  Ρаκата твоја ме стега се посилно,  телото твое се поблизу до моето.  Ти ја осеќам машκоста,  κаκо κамен ладен сκриен во пустина. Ρаκата твоја ме стега,  κаκо суво ливче  се ронам  под твоето тело. Се посилно ме притисκаш,  се повеќе се припиваш до мене.  Влегуваш без да тропаш.  Κаκо јунаκ после битκа  гладен и жеден.  Κаκо на тацна грозје,  зрно по зрно ме грицκаш.  Κаκо вино црвено до дното  во еден здив ме пиеш.  Твоето тело до моето чиниш κаκо едно.  А срцата чуκаат во ритам.  Се побрзо и побрзо,  ни глас веќе немам,  и  последниот здив ми го зема.  Не ме стега повеќе твојата раκа,  не притисκа твоето тело.  Само

ПУКНАТИНИ НА ДУШАТА

Image
Имав една вазна. Омилена ми беше. Всушност единствена ми беше, немав друга освен неа. Беше преубава. Ја обожував.  Кога во една непланирана прошетка сосем случајно ја видов си реков мора да биде моја и ја зедов за себе. А и за ваков цвет како мене си помислив совршено ќе одговара да имам една таква.  Кога ја погледнав одблиску видов и дека не е толку нова ни чиста. Како користена ми изгледаше, како веќе да стоеле цвеќиња во неа, како отстоена вода долго време да чмаела внатре. Барем одвнатре се гледаше дека не е негибната. Напротив, најразлични цветови во неа си ја покажувале својата убавина или позади нејзината ја криеле својата неупадливост и безличност. Многу цвеќиња во истата таа вазна умреле. Лист по лист се распаѓале се додека не се исушиле без својата вода.  Ама однадвор изгледаше нова. Сјаеше просто со својата грациозност. Испрчена изгледаше како самоуверен млад петел кој за прв пат треба да пее пред ново јато кокошки. Ама само што ја видов се заљубив. Си реков јас кога

КАРАНФИЛИ

Image
Со тагата едноставно треба да умееш. Тагата е како некоја старица која продава каранфили по кафеаните. Само мораш упорно да се правиш дека не ја приметуваш, па кога тогаш ќе се заврти и ќе замине. Иако како да ти се чини дека секогаш ќе се вртка околу твојата маса цвилејќи.. И пази, ако и подариш само трошка внимание нема да се смири се додека не ти ја продаде целата кошница и не завладее со тебе. Тагата никогаш не ги заборава лицата на галантните муштерии и нема да те заобиколи никогаш повеќе!

ЦВЕЌЕ И ТРЊЕ

Image
Секогаш кога ќе побарав нешто, Ти имаше што да ми понудиш. "Ладно ми е".  Не оти ми беше, туку го сакав твоето палто врз моите рамена. Или прегратка. Сакав да ме гушнеш и да се стоплам.   "Дојди љубена".  Или само да ми кажеш некој убав збор што ќе ми ја стопли душата па нема да ми студи повеќе. Ти рече дека веднаш ќе вклучиш греење.. Јас не го сакам сонцето, сакам само еден зрак. Јас не сакам градина , сакам само еден цвет. Обичен цвет скинат попатно, на кој сеуште му останале трњето, па кога ќе го земам од возбуда да ги боцнам прстите и да потече крв. Да знам дека сум жива. Јас не сакам бисери бели, сакам школка празна тукушто извадена од песок, мокра и валкана. Па да ја чистам во плиткото море додека оној зрак од сонцето ми го гали лицето и ти се смешкам заводливо, иако солта од водата ми ги пече раните на рацете, оние од трњето на розата. Јас не сакам скапи изненадувања. Сакам само изненадувања. Јас не сакам многу, сакам доволно. Незнам дали добивав ама секогаш