Posts

Image
Чашата не се прелева од водата што се насобрала во неа. Последната капка ја прелева чашата. Колку и да е мала и безначајна, доволна е. Премалку а премногу... 

Airplane mode у автобус, молам??

Image
Во неделата бев малку на гости, еднодневна екскурзија да кажам, освен што не си купував грицки, сокчиња и слични глупости за по пат кои вообичаено ги купувавме кога одевме на екскурзии кои траеја неколку часa а ние нормално сме си купиле  јадење за цела недела. Мислам немој случајно тој што ќе седи до тебе или онаа Тања од седмо б да има некоја кроасана повеќе. Туку да се вратам на муабетот да не забегам многу од темата. И така си помина денот, најадена напиена, кафе и муабет и си дојде време да си одам. Стасав на автобуската си седнав во автобус и тргнавме. Баш екскурзија (само шо не ја пеевме -шофере, шофере дај мало... хаха) автобусот крца, некои се смеат, некои сакаат да спијат па ти маваат убиствени и прекорувачки погледи да заќутиш. Мене малку досадно, малку повеќе , не е многу возење, час до час и половина со оглед дека врнеше беше влажно па автобусот си везеше ( пр. везе гоблен) по автопат ама што да правам. Се трудев да не заспијам, иако кога и да се возам кога патувам некаде,

УТОПИЈА

Image
Постојано врвица која не ја знае својата цел и се наога ни на небо ни на земја. Неуморно врви борејќи се постојано со безмилосните ветришта кои како молскавични шлаканици удираат по лицето. Продолжуваш само напред и се наоѓаш на врвот од дното. И паѓаш. Но за момент стануваш, ги тресеш колениците, ја бришеш земјата од лицето и со солзи во очите продолжуваш кон врвот. И се со некоја цел со некое скриено значење кое и ние самите не го знаеме. Но едно знаеме. Имаме доверено мисија која мора да ја исполниме, и баш затоа сме сега и тука. Но ако е ова мојата мисија, јас многу сум скршнала од патот. Ако оваа горка борба за живот е мојата мисија тогаш  јас сум последна во оваа врвица. А нешто што најмалку сакав е да сум само бројка. Зачудена истрчав во Големата градина, а таму само едно мало ќошенце е мое. Мало , мало ама само мое. Седнав на коленици и почнав да копам. Ја риев земјата со рацете, со нокти гребев се побрзо и побрзо. За момент застанав и помислив. Но што барам јас? Дали среќата

Колку боли одмаздата

Image
Се плашиш дека еден ден ќе ти ја изгорам душата. Сакаш да знаеш како изгледа тоа? Нема да се случи сѐ додека е тивка. Сѐ додека е рамнодушна и осамена. Сѐ дотогаш ништо нема да ѝ се случи. Сѐ додека дише тивко, бавно и безлично сѐ дотогаш ништо нема да ѝ се случи. Оти животот е зол казнувач. Тој нема да ја земе таква уморна, збрчкана и нема. Ја зема оној миг кога од живот блика. Кога е најгласна. Мене тогаш ми ја зема. Ми ја от тргна од телото со голи раце и ми ја здроби на ситни парченца. Таман бев навикнала на среќа, се научив да се смеам на глас. Телото ми беше спокојно со мирна душа во него. Полни гради љубов, полно срце среќа, а душата царува! Беше како созреано зрно грозје. Блага, сочна, мазна. Набабрила што од среќа, што од горделивост. Горда што во себе носи толку радост и убости. Еден ден распука. Некој ја скина. Ја оттргна од телово и ми ја распарчи. Ја стегаше, ја раздроби меѓу прстите, а она се разлеа капка по капка. Онаму каде капеше испари сѐ, не остана ништо од убоста. О

НИШТО НЕ ВЕЛИ

Image
Јас те љубам живот цел. Ама дење саκам а ноќе плачам. Аκо не ме љубиш баρем пола κолκу јас, аκо не ме саκаш баρем малκу од она многу тебе што те саκам јас.  Аκо само еден збоρ што збоρиш ти е лага, аκо само малκу вина имаш за оваа моја тага. Аκо маκаρ едно што ветуваш не е таκа, аκо има и една пρичинa  да ми биде маκа. Аκо тоа што саκам не е вρедно, аκо тоа што ти нудам само љубов баρем еднаш ти било бедно. Аκо тоа што ти посветив живот цел, не е доволно од твојот да имам баρем дел. Аκо ништо не е доволно ни мојава душа ни тело, ни тоа што те саκам со сρце цело. Аκо ништо нема смисла, аκо си ме изневеρил и само со една мисла. Ништо не вели  ако  љубовта моја си ја  изневеρил. Само молчи и замини. Оти аκо моиве очи видат,  засеκогаш ќе  замижат.

ГО САКАМ ЈАНУАРИ

Image
Го сакам јануари. Го сакам секој голем, а сепак недоволно долг ден за да те сакам повеќе. Го сакам јануари, од 1-ви до 31-ви. Од утро, преку пладне се до квечерина па и цела ноќ. Го сакам јануари откако ти припаѓам тебе. Го сакам студот и снегот во јануари. Во првиот јануари, тој не спои. Ни ги спои дланките, да се топлат меѓусебе, телата да се припијат едно до друго во прегратка и да ни ја згреат душата. Го сакам јануари, секој датум таму ми е како одново раѓање. Го сакам јануари оти иако прогласен за најдепресивен, мене ми е најсреќен! Го сакам јануари оти ме научи да слушам радио во кола цела ноќ речиси додека не се раздени, а да не ми е ладно, или да не признаам дека ми е. Го сакам јануари оти кога се' замрзна и запре, мене ми зачука срцето како никогаш дотогаш и ми расцути пролет во душата среде зима. Го сакам првиот јануари, оној лани и овој сега што го живеам. И ќе го сакам секој нареден, се додека те сакам и тебе.  А тоа е засекогаш. 

ДВЕ ГОДИНИ ПРЕТХОДНО

Image
Беше тоа една вечер чудна, сонував ли бев ли будна. Твоите очи во мене вперени, нежни, таинствени и одмерени.Твоите прсти во мојава коса, очите мои гледаат низ твоите, моето тело покрај твоето. Понекогаш сеуште ми се чини дека ќе се разбудам. Се штипкам, ги затворам очите и повторно ги отворам. Се насмевнувам скришум само за себе и знам, не сонувам.  Кога прв пат те видов, чиниш за тебе сум сонувала цел живот. Убав, висок,  од крв и месо, стоеше до мене, а некој како да ми шепотеше.. ова е човекот што го чекаш. Твоите погледи ми ги галеа срамежливите образи, гласот твој ми го разигра срцето како рајска птица на моето рамо, а твоите случајни допири ми ја топлеа душата. Од тој ден ти стана замислена оска околу која се врти мојот свет.  Велат времето не застанува. Не е точно. Кога за прв пат ми ги допре усните целиот универзум застана за миг. Само јас и ти, твоите усни ги љубат моите како никој дотогаш. Од тој ден повеќе ништо не е исто. Кога ти ја дадов раката не знаев дека ти го дав