БЕШЕ ВТОРНИК
Дојде и тој ден.
Минутите ѝ се чинеа денови. Беше збунета и возбудена.
Гледаше надвор. Ги затвораше очите и пак погледнуваше.
Се плашеше да нѐ сонува.
Ги гризеше растреперените усни и не ни помислуваше дека скоро некој ќе ги бакнува.
Уште една станица и ќе ѝ се отвори вратата на среќата, нив ги одбра да затропа.
Го здогледа од прозорецот на бавниот автобус.
Така убав, мил, со неверојатна насмевка. Стоеше и ја чекаше.
Слезе, чекореше, но мислиш не ја допираше земјата.
Очите ѝ светеа како никогаш дотогаш.
Две души си доаѓаа во пресрет.
Таа му ја подаде раката, а тој... тој и го зема срцето.
Беше вторник.
Comments
Post a Comment