Posts

Image
Да издржиш повеќе од што можеш, да ја измориш душата од лошата среќа а да не ја наведнеш главата. Да ја зачуваш храброста и насмевката кога сите други се неправедни. Да не се плашиш пак да зачекориш- кој може да каже дека тоа не е величина? Во животот секогаш стои цврсто како карпа во морето без да те обеспокојат брановите кои се креваат, предизвикани од бродовите кои без срам пловат во забранети води! 
Image
На улица сретнав еден многу богат млад човек. Шапката му беше стара, панталоните куси, палтото износено.. Вода му влегуваше во чевлите, а ѕвезди му излегуваа од душата..  Беше вљубен!  

КАКО ШТО ТЕ ЉУБАМ ЈАС

Image
Ќе ме љубиш ли искрено?  Безрезервно и безусловно? Без двоумење и колебање? Без пишманење? Без тронка грижа, вина и страв? Ќе ме љубиш ли без разум? Ќе ме љубиш ли така,  та да посакам  светот пред нозе би ми го ставил? Ќе ме љубиш ли лудо? Ќе ме љубиш ли толку верно, што би можел со денови и ноќи  да ме гледаш в очи без срам? Ќе ме љубиш ли така? Така, како што те љубам јас.. 
Image
На секој пилот му е потребен копилот. Добро е да знаеш дека имаш некој покрај себе, посебно ако времето е облачно..  
Image
Кога понекогаш молчиме, не значи дека немаме ништо да кажеме.. само сакаме да видиме до каде може да стаса дрскоста на другите, кои додека зборуваат гледаат преку нашето рамо а замижуваат пред нашите очи. Тие не знаат дека со секоја минута затворени очи губат по шеесет секунди од сјајот. 

НАЈГОЛЕМАТА ЛАГА

Image
Неуморна болка не стивнува.. удира, удира каде најмногу боли.. во срцево.. не умее тоа да се бори,  не научи како. Научи да сака, но не и да се бори. И боли ли боли... Дојде како дожд среде лето,  исчисти рани да не боли,  освежи душа да не горчи,  отвори срце да не молчи. Зачука, и отворив. Влезе  седна, рече само да одмори. Пресреќна веднаш ја помолив,  се' што сака веднаш ја понудив. Нежности цела ја опсипав,  со тело, срце и стоплував.  Принуди срце со дамари,  да љуби без да заборави. Таман лисја раззеленив,  со спокој душа исполнив и надеж нова осетив,  замина без да се поздрави. Остави ноќи и ладови,  утра без сонце на прозори,  денови полни јадови.  Се пустев и штурев да верувам,  да простам, да молчам, заборавам.  Ја барав, ја молев, преколнував. Застана, поглед наведна,  постоја, помолче, се сврте и неповрат замина. Кој ли кажа дека љубовта е вечна? 

РЕТКА ПТИЦА

Image
Дали си привид или сон? И од кое небо си, штом над глава носиш ореол. Човек си или Бог?  Ме слушна ли што во сон зборев, па ми подаде рака и на срцево му дошепна, па почна да сака. Ме гледаше со очи мили,  весели, а сепак диви. Ти подадов рака, срце ми зема. При зборови останав нема. Штом ме допре се отвори небо цело, нема темнина, се' беше бело. Љубовта покорно се поклони пред мене, и ми подари семе. Ти посадив радост и страст. Радост во очите, страст на усните. Ти си како дожд среде лето,  како насмеано дете.  Ти си и затишје и бура, и ден и ноќ, и понизност и моќ. Ти си како ретка птица, како облак син и зрно си и џин. И море си и капка, ти си и награда и казна.  Ти си и земја црна и бистра вода,  и затвор си и слобода. Ти си и болка и лек,  и секунда си и цел еден век.