Posts

ТИШИНАТА УБАВО БОЛИ

Image
Зборувај ми за љубов.  Кажи ми дека ме сакаш. Зборувај ми за среќа.  Кажи ми дека јас сум твојата. Зборувај ми тивко.  За да чујам само јас. Зборувај ми за радост.  Кажи ми да ти погледнам во очите. Зборувај ми за нас. Додека ме држиш за рака. Зборувај ми што и да е, само зборувај ми. Зборувај ми за тага.  Додека ја веднам главата. Зборувај ми за лага. Додека ја веднеш главата. Зборувај ми за болка.  Додека ги кријам солзите. Зборувај ми тивко.  За да чујам само јас. Зборувај ми за нас.  Додека ти ја пуштам раката. Зборувај ми што и да е, само зборувај ми. Зборувај ми сешто па макар не кажал ништо. Зборувај ми само колку да ја прекинеш тишината. Зборувај ми додека заспијам.  И кога ќе се разбудам. Зборувај ми што и да е, само зборувај ми. Зборувај ми тивко.  За да чујам само јас.

МАМО, ШТО Е ТОА ВОЈНА?

Image
Додека утрово пиејќи го чајот седев и размислував за она што ми се случува и се обидував да најдам одговор на многу прашања, се сетив дека мајка ми, ми ги има кажано најголемите лаги во животот. Честопати по некоја ситна добронамерна лага, поретко по некоја заштитничка, но неколку пати во животот ми кажала лаги кои тешко ги поднесов откако ја дознав нивната вистина.   “ Мамо, што е тоа војна? Ништо сине, далеку е тоа од нас. ” Можеби ова беше најболната лага која некогаш ми ја кажала. Колку и да била добронамерна и заштитничка според неа, мене ми го скрши срцето. Бев многу малечка кога прв пат го слушнав зборот војна .  Не знаев што точно значи, ама бев сигурна дека е нешто многу лошо. Татко ми го попушташе тонот на телевизорот секогаш кога на вестите зборуваа за некоја војна и ни велеше да бидеме тивки, а мајка ни не испраќаше да си играме. Баба ми често знаеше да си зборува сама на себе  “ ах таа пуста војна ќе ја снема ли некогаш. ”  Имав слушнато дека роднини и загинале во во

АКО

Image
Ако не ти кажев, ќе знаеше ли? Ако не те прашав, ќе ми кажеше ли? Ако молчев, ќе прозбореше ли барем ти? Ако знаев, ќе признаеше ли?  Ако зборував, ќе молчеше ли ти? Ако не брзав, ќе ме стасаше ли? Ако ти верував, ќе ми простеше ли? Ако не те сакав, зар ќе ме сакаше ти? Ако те изневерев јас, ќе ми простеше ти? Ако не ти простев, ќе постоеше ли?
Image
Таа во очите имаше сонце, слично на она од утрово.  И ги бакнуваше зениците, а и ја гризеше душата! 

За дождот

Image
Дождот може да биде вистинска симфонија за слушање. Важно е што правите, каде сте и најважно од сѐ, со кого. Сѐ додека во душата имате сонце, надвор не е важно колку ќе врне.
Image
Кога на дрвјата ќе раззеленат гранките. Кога на гранките ќе никнат пупките. Кога пупките ќе расцветаат. Кога птиците ќе слетаат. Слушни ја нивната песна. Ќе ти кажат нешто.

СОНЦЕ

Image
Нема само едно сонце на светов.  Ова надвор што сјае, ни го грее само телото. А има едно сонце што ни ја грее душата.  Тоа изгрева кога има насмевки, прегратки, добри дела, топли зборови, нежни бакнежи, силни стисоци и искрени погледи.  Изгрејте многу сонца, сега знаете како.